НАРОДНАТА банка денеска преку соопштение ги повика сите субјекти да ги почитуваат нејзината самостојност и независност и нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти.
Од ПОЧЕТОКОТ на оваа година, па до крај на јули, во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на истиот период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања.
ГРАД СКОПЈЕ: Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.623 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.400 барања.
КОСОВСКАТА вицепремиерка Албулена Баљај-Халимај најави дека владите на Косово и Албанија и годинава ќе ја продолжат традицијата на заеднички седници, при што се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати.
ГРЧКАТА полиција вчера уапсила поп од островот Калимнос поради тоа што преку социјалните мрежи ги повикувал верниците за вчерашниот празник Пресвета Богородица да не носат маска за време на посетата на црквите
ТУРСКИОТ брод за сеизмички истражувања „Оруч рејс“, од рано утрово плови североисточно и повеќе не е во грчкиот континентален гребен, според медиумите во Грција, туку веќе е навлезен во кипарскиот, но и во рамките на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција ја смета за нелегална.
БЕЛОРУСКИОТ претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија се согласила да понуди безбедносна помош во случај на надворешни воени закани, јави денеска Би-Би-Си.
ЛИБАНЦИТЕ немаат пристап до своите банкарски сметки додека милијарди фунти се изнесени од државата.
Во ОКРУГОТ Оринџ, 24 август (24/8) прогласен за „Ден на Коби Брајант“.
ДЕМБЕЛЕ не се плаши од Баерн: Баерн (Минхен) е тежок противник, видовме што се случи вчера. Тие се одличен клуб, но ова не е вест.
А. Н. С.