ФИЛИПЧЕ: Нов протокол за ослободување од изолација на пациентите, при што повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања. Протоколот се темели на анализи на МАНУ и на препораката на СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести.
СПОРЕД ЈЗУ Центарот за јавно здравје, во Велес втор ден нема регистрирано нов случај со Ковид-19, а во изминатото деноноќие нема ниту оздравени пациенти.
И АВГУСТОВСКИТЕ пензии ќе се исплаќаат во 4 етапи, почнувајќи од среда, 26 август.
Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа во Грција се регистрирани 269 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекордно висок број на дневно ниво од почетокот на епидемијата.
МИШЕЛ Обама: Трамп не е на висина на позицијата која ја држи и дека е погрешен претседател за земјата.
СПОРЕД последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 22.143.512 лица. Од нив починале 779.493, а оздравеле 14.874.033 луѓе.
А. Н. С.