Дваесет и две годишно момче од Свети Николе утрово почина од последиците од ковид-19, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски откако низ градот се рашири веста дека починало младо момче кое лежело во велешката болница, пренесе СДК.МК.
Момчето починало на Инфективната клиника во Скопје, но пред тоа се лекувало на Инфективното одделение од Велешката болница. Поради компликациите минатата среда дена бил итно пренесен во Скопје. Од Инфективната клиника во Скопје велат дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.
Коцевски апелираше до жителите на Општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што бројот на заразени со ковид-19 во општината се зголемува.






