Со претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов разговаравме за Берлинскиот процес, како да ги мотивираме европските лидери да дојдат, бидејќи планираме физичко присуство, рече премиерот Зоран Заев, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека „ние изградивме стратегија со почитување на сите заштитни мерки, да ни дојдат европските лидери на 10 ноември. Главното прашање е економијата во време на Ковид“, истакна Заев, додавајќи дека може Германија, Австрија да купуваат маски од нашите текстилни компании и можеме многу да си помогнеме.