Во гимназијата „28-ми Ноември“ во Дебар од денеска се спроведува настава со физичко присуство на учениците и без знаење на Министерството за образование. Одлуката, вели за Канал 5, директорот на гимназијата Рамадан Имери ја донел по решенијата од Советот на општина Дебар, на одборот на наставници и родители и на самите ученици дека не сакаат наставата да се одвива онлајн.
Дециден е Рамадани дека училиштето ги исполнува сите пропишани услови за физичка настава и имплементирани препораките од надлежните министерства а позитивна оцена била добиена и од образовниот инспекторат.
Министерката за образование Мила Царовска денеска повтори дека бојкотот на наставата е неконструктивна опција и во ризик го става јавното здравје.
Извор: Канал 5