Во недела (04.10.2020 година) во периодот од 7 до 14 часот на неколку сообраќајници во градот ќе има изменет режим на сообраќај, поради одржувањето на 16.Виз Ер Скопски маратон. Во посочениот период затворени (целосно или делумно) за сообраќај ќе бидат следните сообраќајници: стартот на маратонот од платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, десно по бул. Илинден до крстосницата со ул. Љубљанска и по неа право на ул. Московска, потоа десно по ул. Војвода Васил Чакаларов, на крајот на улицата се врти полукружно назад, кога учесниците ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. Димитрие Чуповски, ул. 11.Октомври, бул. Крушевска република, бул. Трета македонска бригада, ул. Фрањо Клуз, бул Јане Сандански до крајот (крстосница со бул. Србија), пред семафорот со бул. Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул Јане Сандански, ул. Фрањо Клуз, бул. Трета македонска бригада, бул Крушевска република, ул. 11.Октомври по ул. Димитрие Чуповски до крстосницата десно на бул. Свети Климент Охридски до бул. Илинден, па лево кај зградата на Владата до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, во посочениот период ќе биде променет режимот на линиите на јавниот градски превоз.
- Линии со изменета траса:
– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар, Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Васко Карангелевски, Сала МЗТ.
– Линија бр. 3Б: Од Кванташки пазар до Jугодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар, Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Васко Карангелевски, бул. АСНОМ, Кванташки пазар.
– Линија бр. 4: oд Хрoм дo Соборен храм по бул. Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Aнтон Попов, ул. Димо Хаџи Димов, ул. Борис Трајковски и обратно.
– Линија бр. 5: од Дексион, ул. Ѓорче Петров, бул. Партизански одреди, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сала MЗТ, бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди, ул. Ѓорче Петров и Дексион.
– Линија бр. 7: oд Карпош 3 до Соборен храм по нормална траса, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул. Трета македонска бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), бул. Jaнe Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди“ до Карпош 3.
– Линија бр. 8: Влае, бул. Партизански одреди“, мост „Гоце Делчев“, бул. Гоце Делчев, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.
– Линија бр. 9: Клинички центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.
– Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 4 до Соборен храм по траса на линија 15, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Васко Карангелевски, Сала MЗТ, бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди до Карпош 4.
– Линија бр. 16: Железара, Бит-пазар, Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.
– Линија бр. 21 и бр.21А: Транспортен центар, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.
– Линија бр. 22 и 22А: Транспортен центар, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по истата изменета траса.
– Линија бр. 23: oд Дoм нa пeчaт, ул. Јордан Мијалков , подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Васко Карангелевски, Сала MЗТ, бул. АСНОМ и продолжува по својата траса, a вo oбратна насока оди по своја траса, до Југодрво, по ул. Свети Кирил и Методиј (Рамстор), Дoм нa печат.
– Линија бр. 24: почетна станица Карпош 3 (почетна на 7 и 59), бул. Илинден, ул. Бледски договор, бул. Партизански одреди, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков (МАНУ), бул. Кочо Рацин и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3 .
– Линија бр. 27: oд Дoм нa пeчaт, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по својата траса до Југодрво, потоа по ул. Свети Кирил и Методиј (Рамстор) и Дoм нa печат.
– Линија бр. 50: Клинички центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Клинички центар.
– Линија бр. 57: од Козле, по ул. Васил Ѓоргов, потоа по ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар продолжува по бул. Кочо Рацин, ул. Свети Кирил и Методиј (Рамстор), ул. Васил Ѓоргов и кон Козле.
– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен храм по своја траса, бул. Гоце Делчев, Бит-пазар, продолжува по своја траса до Кучевишка бара. Во обратната насока по истата променета траса.
– Линија бр. 59А: К.Вода по своја траса до Олимписки базен (бул. Кочо Рацин), Битпазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.
– Линија бр. 59Б: – Од Ново Лисиче, бул. Јане Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков (МАНУ) и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар, Судска палата, Комплекс банки, Транспортен центар, ул. Владимир Комаров (23 Октомври), ул. Васко Карангелевски, Сала МЗТ, бул. АСНОМ и Ново Лисиче
– Линија 31, 41, 51, 67, 70 и 74: Транспортен центар до Југодрво (бул. Кочо Рацин), по своја траса, потоа подвозник, ул. Антон Попов, ул. Димо Хаџи Димов, ул. Борис Трајковски и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.
– Линија 58: Транспортен центар до Југодрво (бул. Кочо Рацин) по своја траса, потоа подвозник, ул. Антон Попов, ул. Димо Хаџи Димов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.
– Линија 73: од саем до Југодрво (бул. Кочо Рацин) по своја траса, потоа подвозник, ул. Антон Попов, ул. Димо Хаџи Димов, бул. Борис Трајковски и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.
- Линии со непроменета траса:
а) Градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В
б) Приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81 и 118.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформираните полициски службеници или другите овластени службени лица и да го почитуваат привремено воведениот режим на сообраќај.