На социјалната мрежа Твитер е објавено видео на кое лице, кое според профилите на ТикТок и Фејсбук е вработено во МВР, вози пребрзо во тунел. На социјалните мрежи кружи и името и презимето на наводниот полицаец. На Фејсбук профилот на лицето што го споделило видеото, се гледа дека е љубител на брзи и луксузни автомобили.
Во твитер објавата на Две Ѕвезди, за да биде состојбата иронична, пишува дека се работи за вработен во сообраќајна полиција и дека се фотографира со пиштол:
„Овој полицаец работи во сообраќајна, а со Фолксвагенот вози 207 во тунел, со Ауди вози 131км на булевар, со Порше се паркира на кеј и плус си вади пиштол за сликање по дома. Па одличен пример за граѓаните кои што ќе бидат казнети. (Видеата се од соц. мрежа на негов профил)
Извор: Твитер профилот Две ѕвезди
И. З.