Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19.
Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76, 63, 84, 82, 75, 80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.827, бројката на оздравени пациенти е 19.479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7.399.
 
			

 




 
 
