ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косово викендов се затвора поради Ковид-19, Приштина и шест други општини во карантин

November 6, 2020 17:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако последните денови беше забележано видно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

На предлог на Комитетот за справување со пандемијата, Владата на Авдулах Хоти попладнево одлучи, од вечерва во 20 часот до понеделник во 5 часот наутро, да се затворат сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Од оваа одлука се исклучуваат пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите кои се занимаваат со производство, достава и продажба на есенцијални стоки. Не се опфатени ниту институциите кои управуваат со пандемијата, економските оператори и превозниците кои обезбедуваат функционирање на синџирот на снабдување.

Покрај оваа одлука која се однесува на целата територија на државата, министерот за здравство на Косово, Арменд Земај наложи посебни мерки за седум општини, во кои се забележани најголем број на новозаболени во новиот бран на ширењето на заразата.

Според оваа одлука, во истиот период, од вечерва до понеделник наутро, се забранува влегувањето во и излегувањето од Приштина, Косово Поле, Гњилане, Обилиќ, Ѓаковица, Подујево и Штимље.

Забраната не се однесува на здравствениот персонал и безбедносните служби, граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги и за производство, набавка и продажба на есенцијални стоки, економските оператори и превозниците кои обезбедуваат функционирање на снабдувањето, како и градежните претпријатија и операторите кои изведуваат јавни работи.

На полицијата, се вели во одлуката, ѝ е наложено да врши строга контрола на влезовите и излезите од споменатите општини и да ги санкционира прекршителите.

Во Косово последните пар недели се забележува видно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, што е резултат и на покашувањето на бројот на тестови на лица за кои постои сомневање дека се заразени.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово, вчера се извршени 1.827 тестирања, од кои како носители на вирусот резултирале 728 лица. Во истиот период се регистрирани рекордни 12 нови смртни случаи на заболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на епидемијата достигна до 732.

Од појавата на епидемијата вирусот е откриен кај 22.934 од вкупно 103.839 испитаници, од кои болеста ја совладале 15.981 лице.

Активни заболени во Косово, според последните официјални информации, се 6.220 лица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

May 15, 2025
VDzambaski / Flickr

Разочарување по блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за Кочани

May 15, 2025
Fares Garabet

Трамп има план, има нов аероПЛАН

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk