ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Владата, францускиот нон-пејпер e за поздравување

Владата веќе го добила документот на Франција, со кој се предлага нов пристап во преговарачката методологија и поблиска политичка соработка на државите членки и државите кандидатки.

November 16, 2019 20:52
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За Владата францускиот нон-пејпер е за поздравување, бидејќи, како што велат оттаму, добредојдена е секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни, пренесе МИА.

Владата веќе го добила документот на Франција, со кој се предлага нов пристап во преговарачката методологија и поблиска политичка соработка на државите членки и државите кандидатки.

-Многу е важно што рамката која ја предлага Франција го потврдува членството во ЕУ како главна и крајна цел на процесот што за нас е неопходен услов за воопшто таа да се разгледува, велат од Владата.

Претстои разгледување на оваа иницијатива, по што институциите ќе дадат свој придонес во развивањето на идеите за можна промена на методологијата.

-Од витално значење за домашните реформи и за натамошниот развој на државата е да се донесе одлука за почеток на преговорите за членство со ЕУ која ќе овозможи во динамичен преговарачки процес да се внесуваат делови од можниот нов пристап за подобрување на методологијата. Сметаме дека е особено важно земјите кои ги исполнуваат условите и темелно постапуваат во реформите, непречено и брзо да одат низ процесот на преговори, до конечно членство во ЕУ, велат од Владата.

Важно е со одобрувањето на новата методологија за проширувањето, да се определи датум за почеток на преговорите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи коментирајќи ги нон-пејперот што Франција го објави со кој се предлага нов пристап во преговарачката методологија за проширувањето на ЕУ.

-Важно е Европскиот Совет при одобрувањето на оваа методологија да го одобри започнувањето на преговорите. Тоа е многу важно да се надоврзе. Доколку постои дисконекција меѓу методологијата и почетокот на преговорите, тоа нè носи кон нејасен пат. Фактот што се потврдува полноправното членство како единствен пат, фактот дека процесот е започнат и оти се достапни структурни фондови, тоа е нешто ново и позитивно за земјата, посочува Османи за Алсат – М.

Евентуалната промена на владата после предвремените парламентарни избори следната година, според Османи, не смее да влијае и да доведе до отстапување од овој пат или да го забави темпото на реформите.

Вицепремиерот Османи не прецизира кои точки од новопредложената методологија би можеле да имаат негативно влијание врз евроинтегративниот процес, но додава дека има многу нејаснотии во овој документ, па Владата побарала да биде вклучена во неговата подготовка. Иако, Османи смета дека европските институции имаат малку време да ја спроведат оваа методологија, се надева дека тоа ќе се постигне во роковите што се одредени во нон-пејперот.

Нон-пејперот доаѓа еден месец по недоделувањето датум за старт на преговорите за Северна Македонија и Албанија на октомврискиот Самит на ЕУ во Брисел. Со документот Франција, бара „обновен пристап“ во преговарачката методологија за проширувањето на ЕУ, кој би требало да се заснова на четири принципи: постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност. Нон-пејперот е во фаза на разгледување и за него треба да се изјаснат сите земји-членки, а Париз бара одлуката за новата методологија да биде донесена до јануари, 2020 година.

Next Post

Заев на трибина во Велес: Потребен е целосен ветинг во судството, слободата не дозволува да застаруваат предмети!

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk