пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ / ЦИВИЛ МЕДИА
Државната Комисија за спречување на корупција и судир на интереси останува една од ретките институции со најголем степен на доверба кај граѓаните и институција од која најмногу се бара правда во случаи кога граѓаните наидуваат на затворени врати или други проблеми во јавните институции. Ова го покажуваат и бројките, кои зборуваат за зголемен обем на жалби и иницијативи кои граѓаните ги адресираат во ДКСК.
Но од друга страна, новиот закон донесен во почетокот од 2019-та година и новата методологија на формирање на оваа тело, придонесе комисијата да работи драстично повеќе од тоа што е направено сите последни години. Од комисијата за ЦИВИЛ Медиа велат дека новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси донесен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на ДКСК и обезбеди поефективни механизми за постапување на институцијата, со што се зголемија и очекувањата за поефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Во периодот од 10 месеци, односно од февруари 2019 година кога е конституиран новиот состав на ДКСК, па заклучно со декември 2019 година, до ДКСК беа доставени вкупно 1172 пријави од граѓани, здруженија и институции со сомневања за постоење коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење на судир на интереси, а отвори и 245 предмети по сопствена иницијатива. Од доставените пријави, 687 се од областа на корупцијата, 364 од областа судир на интереси, 54 пријави за непочитување на забраните во текот на изборниот процес и 67 пријави за проверка на имотната состојба.
Р.број | Област за постапување | Примени пријави | Сопствена иницијатива | Број отворени предмети | Број на решени предмети |
1 | Корупција | 687 | 23 | Нема податок | 100 |
2 | Судир на интереси | 364 | 66 | 221 | 143 |
3 | Имотна состојба | 67 | 153 | 220 | 83 |
4 | Финансирање изборни кампањи | 54 | 3 | 57 | 38 |
КОРУПЦИЈА
Преглед на примени пријави и оформени предмети по сопствена иницијатива
Начин на формирање на предмет | Број на евидентирани предмети | ||
8.2.2019 – 31.12.2019 | 2018 | 2017 | |
Сопствена иницијатива | 23 | нема | нема |
Пријави од граѓани | 687 | 89 | 76 |
Вкупно | 710 | 89 | 76 |
СУДИР НА ИНТРЕСИ
Примени евидентирани пријави и предмети
Начин на формирање на предмет | Број на евидентирани предмети | ||
8.2.2019 – 31.12.2019 | 2018 | 2017 | |
Сопствена иницијатива | 66 | 6 | нема |
Пријави од граѓани | 364 | 75 | 95 |
Вкупно | 430 | 81 | 95 |
Поднесени изјави за интереси
Година | 2019 | 2018 | 2017 |
Број на поднесени изјави | 849 | 1650 | 2328 |
Во текот на 2019 година до ДКСК се доставени вкупно 2007 анкетни листови
Преглед на поднесени анкетни листови
Основ за поднесување | Поднесени обрасци |
Анкетни листови по избор/именување на функција | 1004 |
Анкетни листови по престанок на функција | 479 |
Обрасци за промена на имотна состојба | 524 |
Вкупно | 2007 |
ИМОТНА СОСТОЈБА
Преглед за спроведена проверка на податоци за имотната состојба
Основ за постапување | Сопствена иницијатива | По пријави | Вкупно |
Неподнесување/ненавремено поднесување на анкетни листови – член 82 | 60 | 39 | 99 |
Проверка на податоци од анкетни листови – член 92 | 93 | 28 | 121 |
Вкупно | 153 | 67 | 220 |
Разликата во работата на сегашната и претходната комисија се гледа и во официјалните податоци споредени со претходните години.
Како за споредба со 2017 година, а врз основа на неофицијалните податоци за работењето на ДКСК за оваа година, оформени се вкупно 76 предмети по пријави од областа на корупцијата, 95 предмети од областа на судирот на интереси, а 22 предмети се оформени по доставени приговори со наводи за сомневање за сторени прекршувања и непочитување на членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупцијата во врска со локалните избори 2017 година. Од областа на имотната состојба, против 48 лица ДКСК до надлежниот суд поднела барања за поведување прекршочна постапка поради недоставување анкетен лист односно непријавување промени на имотната состојба и во делот на следењето на имотната состојба до Управата за јавни приходи, согласно со членот 36 од ЗСК, доставени се вкупно 18 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на избрани и именувани лица.
Споредувајќи ги податоците од 2019 и тие од претходните години, од ДКСК, за ЦИВИЛ Медиа, тврдат дека бројот на примени пријави и отворени предмети во 2019 година е поголем од вкупниот број на пријави примени во ДКСК во последните пет години. Членот на ДКСК, Нури Бајрами, цени дека зголемениот број на поднесени пријави се однесува на две причини, првата е губењето на доверба во јавните институции и второто е зголемување на довербата и надежта кон новата Комисија за спречување на корупцијата.
„Имајќи ја предвид содржината на примените пријави кои во голема мерка се однесуваат на остварување на индивидуални права на подносителите, може да се извлече заклучок дека тоа пред сѐ се должи на изгубената доверба на граѓаните во институциите во системот. Јавноста ја препозна искреноста на ДКСК во борбата со корупцијата во РСМ. Неселективниот пристап на ДКСК како и нејзината улога на коректив на сите погрешни политики или чекори кои не беа случај во минатото уште повеќе го зголемуваше очекувањето на широката јавност. ДКСК својата проактивна улога си го врати имиџот на институција која е „ будно око“ и која јавно и недвосмислено се бори со корупцијата, судирот на интереси, тргувањето со влијание, лобирање и политичкото влијание во сите аспекти на нашето општествено живеење“, изјави Нури Бајрами.
Борбата против корупцијата и организираниот криминал беше црна дамка на нашата земја за децении на назад и главен збор во сите извештаи на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија. Промените и резултатите во последните години во оваа сфера беа позитивно оценети и го отворија патот на Северна Македонија за пристапните преговори со ЕУ. Со последните промени и наведениот напредок земјата доби позитивна оценка во делот на условите кои треба да се исполнат за добивање датум и почеток на преговорите со ЕУ.