ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Вархеји е премногу мек кон Бугарија, оценува „Политико“, Софија не отстапува од ветото, Скопје ќе бара решение до последен момент, се прават подготвки за вакцинација од Ковид-19

December 3, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.

Засега нема знаци од Софија за повлекување на ветото, Скопје ќе бара решение до последен момент. Амбасадорите на ЕУ вчера повторно не успеаја да постигнат договор за заклучоците за отворање на преговорите со С Македонија. Бугарија и натаму инсистира нејзините барања поврзани со историјата да бидат вклучени во текстот, што е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ.

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација. Вакцинирањето, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои не работат со ковид пациенти

Посветуваме внимание на зајакнување на постоечките капацитети за производство на електрична енергија, но и на инсталирање нови капацитети, пред се еколошки здрави. Затоа и ЕУ позитивно нè оценува, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, во „Утрински брифинг“.

Иницијатива на вицепремиерот Битиќи – Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“. Битиќи посочил дека идејата на платформата е да се соберат најдобрите економски умови и преку заеднички влог да се креира иднината на земјата.

Премиерот Заев по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост истакна дека е горд за силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во сите области

На автопатот Миладиновци-Штип, опожарено тешко товарно возило.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2020/12/video-1606985390.mp4

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, ќе можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени.

Русија денеска регистрира 28.145 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на пациенти достигна 2.375.546.

Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на федералните држави одлучија до јануари да ги продолжат ограничувањата воведени поради пандемијата на Ковид-19. Во Германија во моментов во сила е забрана за работа на ресторани, кафулиња и спортски сали, како и ограничувања на личните контакти.

Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру постигна четири гола на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Севилја. Тој е првиот автор на покер за „сините“ од Лондон во последните 10 години. Воедно, Французинот со 34 години и 63 дена, стана најстариот творец на „покер“ во историјата на елитното фудбалско натпреварување.

Ј. Ѓ.

Next Post

Започна панел дискусија на ЦИВИЛ со петте кандидати за градоначалник на Штип

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk