ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Зошто токму Бучковски?

December 4, 2020 14:45
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По одлуката на премиерот Заев да го назначи универзитетскиот професор и поранешен премиер, проф. Владо Бучковски, на позицијата Специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, во јавноста настапи бран критики, напади и контранапади. Зошто токму Бучковски? Дали овој избор е случаен?

Ако се пребара архивата, ќе се забележи дека оваа одлука на премиерот ни најмалку не е случајна. Бројни се меѓународните контакти и постигнувања на Бучковски во периодот кога тој беше премиер, но и пред и потоа. За оваа прилика ќе издвоиме само некои.

Бучковски и Буш, 2005 година

Во својство на премиер, Бучковски беше во официјална посета во Белата куќа и имаше официјален состанок со американскиот претседател Џорџ Буш. Запрашан во врска со оваа посета на Белата куќа во 2005 година, проф. Бучковски се сеќава:

„На таа средба, претседателот Буш беше исклучително срдечен и наместо 45 минути, имавме средба од близу 60 минути, плус заеднички дадовме изјави од Овалната соба. Буш го започна разговорот крајно неформално: Добредојде драг пријателе, да те прашам нешто на почетокот за Вилма (сопругата на трагично загинатиот Претседател Трајковски). Како е, како се децата? На крајот на состанокот заврши со прашањето: Што можам јас лично да направам за Македонија, а Вам Ви е приоритет? Јас, министерката Митрева и министерот Фатмир Бесими, како и амбасадорот Никола Димитров, побаравме да се слушне телефонски со британскиот премиер Тони Блер и да лобира за нашиот кандидатски статус во ЕУ на самитот во декември таа година за време на британското претседателство. Тој се насмеа и го задолжи својот шеф на кабинет да закаже телефонски разговор со Блер во текот на наредните денови! И тоа навистина го сторил. Тоа ни го потврди Блер при нашата средба во Брајтон.“

Рамсфелд – Бучковски, 11 октомври 2004 година.

Истото прашање му го поставивме на Бучковски и за средбата со секретарот за одбрана на САД, Доналд Рамсфелд, есента 2004 година, кога Бучковски беше министер за одбрана.

„Тој дојде во официјална посета, при што ги одликуваше нашите војници за учеството во мисијата „Слобода за Ирак“. Тој ми стана многу близок. Направи неверојатен гест во октомври 2005 година, кога ја побаравме нашата нова амбасада во Вашингтон. Надвор од протоколот, се појави и одржа поздравен говор“ – се сеќава Бучковски.

Бучковски со поранешниот премиер на Бугарија, Саксобурготски

И со бугарскиот премиер Саксобурготски, тогашниот премиер Бучковски беше во добри и пријателски односи.

Бучковски – Меркел

Бучковски имаше плодни и срдечни средби и со канцеларот Шредер и канцеларката Меркел во 2005 и 2006 година.

Бучковски – Меркел – Вајгел

„Шредер како социјалдемократ многу силно ја поддржуваше нашата Влада на патот кон ЕУ. Интересно е што јас за советник го имав легендарниот германски министер за финансии Тео Вајгел, кој беше голем пријател со Меркел. Заедно со него, на покана на Меркел, бевме на отворањето на Светското првенство во фудбал во јуни 2006 година.

Бучковски – Шредер

Ова искуствона Специјалниот претставник Бучковски не се гаранција за успех во надминувањето на новонастанатиот проблем со Бугарија, но ја манифестира волјата на премиерот Заев и на македонската влада, со сета сериозност и со добар тим, да вложи максимални напори во надминување на предизвиците во ЕУ интеграцискиот процес.

Првата следна шанса за надминување на оваа пречка на патот кон ЕУ е на 9 декември, на состанокот на Советот на министри на ЕУ.

Д. Е.

Next Post

Спасовски: 90 % од граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk