Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од потврдениот дезинформатор Христијан Мицкоски во очај и паника, продолжува со хајки, напади и конструкции, се вели во соопштението на СДСМ, каде потсетуваат на студијата на ЕУ, која ги маркира ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како главен извор на дезинформации.
„ЦИВИЛ со години се бори, објавува и зборува за лажните вести, хибридните напади против демократијата и дезинформациите, но требаше Европскиот Парламент да дојде и да ни каже дека имаме напад на демократијата и со тоа само ги потврди нашите наоди“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во Утрински брифинг.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19.
Германското претседателство е фрустрирано што не беше возможно да се постигне прогрес за преговарачката рамка со Северна Македонија и не е задоволно што Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални прашања со Северна Македонија, поради што земјите членки сметаат дека не може да се напредува ниту со Албанија, изјави висок дипломатски извор на ЕУ пред утрешниот министерски состанок.
Мора да се вратиме на филозофијата на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија, бидејќи во моментов не може се да се фокусира на работата на Комисијата за историски прашања, оценува бугарскиот аналитичар Николај Крстев, коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија.
Здравствените домови почнуваат со подготовки за процесот на вакцинација против Ковид-19, Ризичните групи, со голем ризик за Ковид-19 ќе бидат приоритетно вакцинирани и за нив вакцинацијата е високо препорачана, но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинира.
Заздравувањето на комерцијалниот авиосообраќај во Европа оди бавно. По првичниот пад од над 90 проценти во април и мај годинава, регистрирано е делумно заздравување за време на летните месеци јули и август – пад од 64 и 53 проценти, но потоа повторно се бележи зголемен пад во септември и октомври од 59 и 62 процент





