ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Куќук – Со ветото губат и ЕУ и Бугарија, Олбрајт – трагедија е Бугарија да блокира за ќарување домашни поени, Димитров – сега треба смирено и трезвено

December 9, 2020 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија, германското претседателство меѓутоа уверува дека стартот на процесот е прашање само на време.

Со блокадата на Северна Македонија и Албанија, освен Скопје и Тирана, губат и ЕУ и Бугарија, како и другите земји во регинот, смета бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Во изјава за БНТ, Калфин вели дека бугарската позиција им одговара на други земји, кои исто така не сакаат да продолжи процесот на проширување на ЕУ, но ја користат Бугарија како изговор за тоа.

Ветото на Бугарија е стратешка грешка на штета на европските вредности, нашата македонска иднина е во ЕУ. Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија, велат од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Сослушување во Конгресот: Западен Балкан не смее да остане во чекалната на ЕУ поради националистички или историски забелешки на соседите. Мислам дека е севкупна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, за ќарување поени на домашната политичка сцена, истакнаа такви барања за Северна Македонија, и затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт.

По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возсрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008-та кога фативме трета патека. Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме дека „не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте“, вели Никола Димитров.

Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски на средби со Борисов, Захариева, Каракачанов и Радев

Вакцините против сезонски грип не се потрошени. Од денеска ќе има повеќе термини за вакцинација, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Католички свештеник садомазохист, кој злоупотребувал момче, по шестмесечна терапија е вратен како проповедник под надзор на кардиналот Винсент Николс, кој и го пријавил случајот кај властите.

Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју на телевизија Сител рече дека сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19.

За 10,7 отсто е намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто е намален бројот на новозаразени, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември од тестирани 17.456 материјали во лабораториите.

Ј. Ѓ.

 

 

 

 

Next Post

Спејс-Икс прекина тест-лансирање на една секунда пред полетувањето

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk