ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Мицкоски не сакал да оди на лидерска организирана од Претседателот, Пендаровски смирува, вели нема да свика, тоа е средба на партиски лидери…

December 14, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Димитров: Браниме кристално чисти вредности, нашата принципиелна позиција е уважена и разбрана од европските партнери. Тој потсети дека во октомври земјата доби како што вели, одличен извештај што ни дава признание за досега сработеното и дава поттик за иднина, но дава и јасна слика за тоа каде „си имаме мака“.

Пендаровски не планира да свикува лидерска средба.  И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите“, истакнуваат од кабинетот на Стево Пендаровски за МИА.

Парадоксалниот Мицкоски – итнo бара одржување на лидерска, но нема да учествува на таква средба. Мицкоски на прес-конференција побара итно одржување лидерска средба. На прашањето со какви барања би настапиле, тој не прецизира со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, ниту која ќе биде партиската позиција ако евентуално се седне на иста маса со претставниците на владејачките партии.

Заев: Лидерска средба до крајот на годината. Заев очекува лидерската да ја свика претседателот Стево Пендаровски, но ако не биде така, вели дека тој ќе ја организира средбата.

Иницијативен одбор за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски нема капацитет, време е за оставки. Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1.600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип. Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на лидерска ако ја организира Пендаровски. Мицкоски не прецизира со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, ниту која ќе биде нејзината позиција ако евентуално се седне на иста маса со претставниците на владејачките партии.

Поддршка на 90.000 работни места со пакетот „4 – КОВИД-екстра“. Претходно, во отчетот, Заев нагласи и дека деновиве на 283.000 пензионери, самохрани родители и други ранливи категории граѓани им се испорачуваат по 6.000 денари што е вкупно 27,6 милиони евра.

Заев: Економијата е стабилна, од пролет очекуваме подинамично темпо. Заев додаде дека севкупниот БДП паѓа и заради падот на европска економија, но дека стабилноста на буџетот е евидентна и дека пакетите економски мерки за борба со КОВИД кризата ги дадоа очекуваните резултати.

Медиумите опфатени со четвртиот сет мерки, се бара решение за трајна финансика одржливост. Новинарите, медиумите медиумските работници се опфатени со четвртиот сет на мерки, со тоа што сега може да аплицираат и до бруто минимални плати, не само 14.500 туку стига до 21.770 денари.

Филипче: Направивме реорганизација на здравствениот систем, каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата.

Фатмир Битиќи е позитивен на ковид-19.

Еднократна помош за 7.500 медицински работници. Заев изрази голем респект за медиумите кои ризикуваат информирајќи за ковидкризата како и за полицајците, управните служби и приватните компани но, како што додаде, овој пакет на директна финансиска поддршка е за здравствени работници бидејќи се најдиректно експонирани во своето работење со заразените лица.

Одложување на рочишта, застарување… – Маричиќ презентираше дел од критериумите за прочистување на судството и обвинителството.

Заев: Битола ќе биде големо градилиште, Владата ќе додели 59 милиони денари. Имаме понуди од Австрија кои се прифатливи и се наоѓаат начини за транспортирање и монтирање. Лично сум ангажиран во иницијативата што ја води министерот Милевски, а со цел поддршка на туризмот, изјави премиерот Заев.

Кој е новиот штипски градоначалник Сашко Николов – интервентниот кардиолог чии раце спасиле многу животи.

И.Т.З.

Next Post

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk