ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Парадоксалниот Мицкоски – итнo бара одржување на лидерска, но нема да учествува на таква средба

Ако Мицкоски мисли да настапи на лидерска без конкретни барања и предлози туку само со памфлетната партиска мантра со која им се додворува на своите партиски послушници и ботови, па таму да бара оставка од Владата и Заев, тогаш навистина е нејасно како да се перципираат зборовите кои самиот Мицкоски ги изговори - „Не планираме да бидеме кловнови и да изигрувамре циркуска атракција таму. Или ќе зборуваме за суштина или театри не ни требаат.“, освен навистина како циркуска претстава, каде токму тој - Мицкоски, би бил во улогата на главниот кловн

December 14, 2020 16:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски на прес-конференција побара итно одржување лидерска средба. На прашањето со какви барања би настапиле, тој не прецизира со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, ниту која ќе биде партиската позиција ако евентуално се седне на иста маса со претставниците на владејачките партии.

Исто така Мицкоски рече дека нема да учестува на лидерска средба која би ја свикал претседателот на државата Стево Пендаровски.

– На еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам, зашто не ја гледам улогата на Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев, пак, најави дека до крајот на годината ќе се одржи лидерска средба.

На денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев рече дека на средбата со лидерите ќе стане збор за евроинтеграциите, ковид-кризата, но и други прашања во интерес на граѓаните. Заев очекува лидерската да ја свика претседателот Стево Пендаровски, но ако не биде така, вели дека тој ќе ја организира средбата.

После изјавата на Мицкоски останува да висат во воздух неколку прашања:

– Како Мицкоски бара да има лидерска средба, а не сака да учестува на лидерска средба?

– Зошто на Мицкоски му се потребни процедурални изговори за да не учествува на лидерска средба која под итно бара да се случи?

– Како мисли Мицкоски да настапи на лидерска средба кога не знае со кои конкретни барања би настапил таму?

Ако Мицкоски мисли да настапи на лидерска без конкретни барања и предлози туку само со памфлетната партиска мантра со која им се додворува на своите партиски послушници и ботови, па таму да бара оставка од Владата и Заев, тогаш навистина е нејасно како да се перципираат зборовите кои самиот Мицкоски ги изговори – „Не планираме да бидеме кловнови и да изигрувамре циркуска атракција таму. Или ќе зборуваме за суштина или театри не ни требаат.“, освен навистина како циркуска претстава, каде токму тој – Мицкоски, би бил во улогата на главниот кловн.

Јане Ѓорѓиоски 

 

Next Post

Лукаревска: Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври, не исплатиле плата за 338 вработени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk