ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Павле Богоески: Новинарска критика или дрзок опортунизам?

Врв на целава ситуација со „објективниот и непристрасен“ Героски е што тој сега е во улога да ја брани иницијативата пред Уставен суд со која ќе се уништат и останатите предмети на СЈО. Потоа во негов стил, покрај фактот што секогаш вели дека не е „експерт по право“, сепак (како и секогаш претходно) се впушта во една опширна, квази правна анализа.

November 20, 2019 17:48
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина се обидував да се воздржам од коментирање, во име на слободата на медиумите, говорот и изразувањето, ама не можам веќе. Една работа е да се критикува (како што прават и многу други, за кои никогаш немам помислено дека кријат нешто зад своите критики, колку и да се остри и непријатни), но сосема друга работа е кога твоите критики се поклопуваат со правните чекори, медиумскиот план и смешните тези на вмро-дпмне.

Врв на целава ситуација со „објективниот и непристрасен“ Героски е што тој сега е во улога да ја брани иницијативата пред Уставен суд со која ќе се уништат и останатите предмети на СЈО. Потоа во негов стил, покрај фактот што секогаш вели дека не е „експерт по право“, сепак (како и секогаш претходно) се впушта во една опширна, квази правна анализа.

Вели дека „одредбата е нејасна, непрецизна и произволна, а запретената казна е драконска. Тоа се сериозни аргументи во прилог на потребата да се отвори стручна и јавна дебата за оваа тема, без товарот на пропагандната теза дека целта на иницијативата е да се спасат обвинетите од страна на СЈО. И уште кога ќе се наредат нивните имиња, почнувајќи од Никола Груевски па надолу, јасно е дека простор за таква дебата веќе не постои.“

Иницијативата ја поднесе адвокатот на груевски и јанкуловска. Тоа дека целта на иницијативата е да ги спаси токму нив од прогон не е пропагандна теза, туку факт. Впрочем, адвокатот има обврска да постапува во најдобриот правен интерес на своите клиенти (и никој друг) што и го прави со поднесувањето на иницијативата.

Понатаму, смешната и глупава е тезата дека треба да се распредели одговорноста и кај комисиите за јавни набавки, бидејќи министерот немал „активна улога“ во процесот. Министерот, да сме јасни, е потписникот на постапката. Одговорноста почнува и завршува кај него.

Откако во пола колумна не’ подучува да внимаваме на опасноста да не ја убиеме квалитетната дебата со популистичка дискусија – во втората половина тој го прави токму тоа. Преку серија паушални и лични дисквалификации за Кирацовски – тој се обидува да ја уништи неговата идеја за подигнување на прагот за застареност кај делата сторени од службени лица, дури и заканувајќи се дека го немал завршено неговиот „серијал за Рекет“. Единствени квази-аргументи кои ги посочува е опасноста дека ако има вакви измени, тие ќе паднат пред Уставен како дискриминаторски, а одредбата не можела да важи ретроактивно.

Поимот „службено лице“ е посебна категорија во кривичното право – така да ако Уставен го оспори ваквиот закон, ќе го оспори преку нарушување на правото на фер и правично судење во разумен рок, а не бидејќи одредбата би била дискриминаторска. Впрочем, при сегашното дефинирање на застареноста, КЗ вели дека тие одредби важат “доколку со овој Законик не е поинаку определено“, што значи дека постои можност за поинакво определување. Што се однесува до забраната за ретроактивиност – таа се однесува само за матерјални промени – во битијата на самите дела. Односно, не можете некое однесување кое до вчера било незаконско, денес да го направите кривично дело и да го гоните како такво. Забраната за ретроактивност не се однесува на промените од процесен аспект – промените кои се однесуваат на правилата на постапката. Тие се применуваат од моментот на стапување на сила, за сите постапки кои се во тек.

Мене не ми е гајле дали идејата за подигнување на прагот на застареност потекнува од Кирацовски или од некој друг. Таа ќе важи за сторителите од минатата, од оваа и од секој идна власт. Дури и никола груевски лично да предложи ваква идеја, јас би ја поддржал – бидејќи сериозно ќе ги замисли сите сегашни и идни функционери пред да одлучат да ги злоупотребат нашите пари.

За крај друштво, героски не е поентата на овој текст. Ја земав неговата колумна за пример, бидејќи во последниве месеци не можам да најдам друго место каде толку концентрирано и завиено може да се видат толку голем број од ставовите на вмро и фамилијата. Сета оваа галама има за една цел – да не’ убеди како држава, дека не треба да постои кривична одговорност за злоупотреба на службена положба за политичка корист, дека тоа и продолжувањето на застареноста би биле спротивни на кривичното право и дека ние сега, треба да си седиме мирни и да оставиме никој никогаш за ништо да не одговара – сето тоа вешто препишувајќи го на „неспособноста на Владата и на Заев“.

Класичните принципи на кривичното право не се замислени за ситуациите кога целиот систем е трул и корумпиран. Тие ситуации се решаваат со политички (надпартиски рез), кој не смее да ги поштеди носителите на јавни функции. Напротив, треба да биде што е можно построг кон нив. Што се однесува до политчката корист – САД се во постапка за разрешување на својот Претседател поради наводи за злоупотреба на функцијата за лична политичка корист, а ние расправаме дали тоа треба воопшто да биде незаконски.

И тоа како треба да биде незаконски, другари. Незаконски и казниво. Многу високо казниво, за никој повторно да не помисли да станува милионер на сметката на граѓаните.

Next Post

Контраспин: Од 2008 година единствен услов за НАТО беше договор со Грција за името

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk