ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Да ги зачуваме старите занаети за Прилеп“, изложба на фотографии со алати и производи

Целта на оваа поставка е граѓаните, луѓето кои што постојано со години, со децении, работат во дуќаните да ги овековечиме, да пренесеме порака дека во еснафски Прилеп, не само низ вековите туку и денес се уште живеат еснафите, занаетите.

October 8, 2019 16:25
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска пред платото на Градскиот саат во Прилеп, се одржа прес конференција по повод отворањето на изложбата на фотографии со алати и производи, што сè уште ги произведува прилепскиот еснаф, а која ќе биде отворена во четврток, 10 октомври во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Изложбата е дел од проектот „Да ги зачуваме старите занаети во прилепската чаршија“, што се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

„Станува збор за изложба со наслов ‘Да ги зачуваме старите занаети за Прилеп’, која што е дел од истоимениот проект што јас заедно со моите пријатели, ентузијасти, вљубеници во Прилеп Александар Десоски и Менде Младеноски, го работиме упорно, со задоволство, со љубов, за чаршијата, за еснафите и за градот.

Целта на оваа поставка е граѓаните, луѓето кои што постојано со години, со децении, работат во дуќаните да ги овековечиме, да пренесеме порака дека во еснафски Прилеп, не само низ вековите туку и денес се уште живеат еснафите, занаетите. Денеска со мене се: одржувачот на механизмот на градскиот часовник Димитар Чучуроски и еден од последните јорганџии, Благоја Николоски- Дрндачот.

Прекарот го носи по тоа дека дрндалото е една од двете алатки кои се користат за тој стар начин на подготвување на изработка на јоргани, кои биле задолжителни во чеизот на една невеста. Ќе има 36 фотографии изложени во Центарот за култура. Занаетчиите покажаа добра волја, желба и интерес да изложат дел и да ни дадат да изложиме дел од нивните алатки, дел од нивните производи“, истакна Моника Талеска, автор на книгата „Старите занаети во Прилеп“.

извор: prilep.gov.mk

 

Next Post

СЕММ со дебата во Прилеп за саморегулација во медиумите

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk