ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Маричиќ на Топ Тема: Силеџиството во парламентот е специјалитет на ВМРО-ДПМНЕ

October 21, 2019 20:58
in МЕДИУМИ, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седум часа се дискутираше за Северна Македонија на Самитот во Брисел, откри вечерва техничкиот преговарач со ЕУ и претседател на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Бојан Маричиќ, во Топ Тема на Телма во дебатата со Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Маричиќ истакна дека огромен број на земји членки на сериозно ниво го држат проширувањето на ЕУ, која е една од поуспешните политики на Европската Унија и тоа дава за право да се каже дека државата ќе ги започне преговорите.

– Неблагодарно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за недоволно дипломатски активности на Владата. Кога последен пат пред 2017 СДСМ беше на власт до 2006 година, Северна Македонија беше во група со Хрватска, кандидатски статус добивме во 2005 и потоа патот застана. Имавме речиси 11 години застој, заради ВМРО-ДПМНЕ, еве нека е од 2009 година, значи 7-8 години застој во кои нѐ престасаа и Хрватска и Србија и Црна Гора. Затоа сме денес во групата со Албанија, поентираше Маричиќ.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласи на брзи предвремени парламентарни избори, Муцунски рече дека причината е „законската обврска“ за 100 дена техничка влада. Маричиќ го потсети Муцунски дека техничката влада со учество на СДСМ траеше 45 дена, на што Муцунски немаше одговор. Тој ја пренасочи дискусијата. „Безбедносниот апарат е политизиран“ – рече Муцунски.

– Девет месеци водевме преговори со ВМРО-ДПМНЕ за законот за СЈО. Тие направија сѐ што можеа СЈО да дојде во оваа ситуација во која се наоѓа. ВМРО-ДПМНЕ направи сѐ да истече законскиот рок и таа институција да биде во ова ситуација. И тоа е многу легитимно, прво, половина или дел од нивната делегација беше директно засегната со случаите на СЈО, а другиот, поголем дел од делегацијата, беа адвокати коишто ги застапуваат нивните луѓе во случаите од СЈО. „Секој ден, цело лето имате соопштенија за тоа дека треба некој да оди во притвор, а воедно да се пуштат од притвор вашите луѓе“ – потенцира Маричиќ.

– Сѐ уште луѓето ги чувствуваат последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. За 11 години нѐ скара со сите. А дома, имаме рекорден раст во платите. Подобро е да се креваат платите, отколку да се креваат споменици. Изборот е дали да се градат градинки или споменици, меѓу нормални патишта и патишта со провизии и бандери на патот – рече Маричиќ.

Муцунски, во последните минути, кога водителот Христов побара да упатат завршни пораки, рече: „Се надевам дека контролниот механизам за лажните вести ќе почне да важи и за претставниците на власта“, веројатно ненамерно признавајќи дека продуценти на лажните вести веќе се наоѓаат во редовите на неговата партија.

„Силеџиството во парламентот е специјалитет на ВМРО-ДПМНЕ“ – е една од поентите во последните минути од дебатата меѓу Маричиќ и Муцунски во емисијата Топ Тема што ја водеше новинарот Боби Христов.

Ј. Ѓ. 

 

 

 

 

 

Next Post

Партиските ботови на опозицијата најавуваат пораз на нивната опција, но и насилство како на 27 април 2017

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk