ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: ДУИ сакаат практично да забранат Македонец да може да гласа за Албанец, Турчин, Ром и обратно

Настрана фактот што овој концепт е чиста глупост, обична предизборна фолклор пропаганда и во својата с'рж е недемократски - тие сакаат практично да забранат Македонец да може да гласа за Албанец, Турчин, Ром и обратно. Основниот проблем тука е пописот од 2002ра година. Република Северна Македонија има најголема пописна пауза во светот. До пред некое време бевме ние и Сомалија, ама во меѓувреме и Сомалија направи попис. Така да, дами и господо од ДУИ, со кочењето на пописот, вие нè сместивте под Сомалија

December 17, 2019 16:35
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ смета дека пратеничките места треба да бидат распределени не согласно волјата на граѓаните, туку врз основа на резултатите од пописот во 2002ра година.

Така, во Собранието 77 пратенички мандати би биле за Македонците, за Албанците 30 пратеници, 5 за Турците, за Ромите 3 пратеници, Србите 2, а Власите, Бошњаците и другите би имале по еден пратеник. Велат дека моделот на една изборна единица е штетен за соодветната и правична застапеност.

Настрана фактот што овој концепт е чиста глупост, обична предизборна фолклор пропаганда и во својата с’рж е недемократски – тие сакаат практично да забранат Македонец да може да гласа за Албанец, Турчин, Ром и обратно. Основниот проблем тука е пописот од 2002ра година. Република Северна Македонија има најголема пописна пауза во светот. До пред некое време бевме ние и Сомалија, ама во меѓувреме и Сомалија направи попис. Така да, дами и господо од ДУИ, со кочењето на пописот, вие нè сместивте под Сомалија.

Ви благодариме за тоа.

Понатаму, анализите кажуваат дека доколку во 2016та година, изборниот модел беше со една изборна единица, Албанците немаше да имаат помалку мандати, туку ДУИ ќе имаше помалку мандати.

Со други зборови, со една изборна единица не губат етничките заедници, губат големите партии, на сметка на помалите. Тоа ја збогатува демократијата, овозможувајќи пробив на поинакви политики, кои не се на приоритетните листи на големите партии.

А друштво, крајно време е тоа да се случи.

п.с. Соодветната и правична застапеност се однесува на граѓаните, а не на партиите. Преку поистоветување на концептот партија – нација, никогаш нема да се извлечеме од партизираноста на нашите институции, бидејќи се’ додека една (макар и албанска) партија го прави тоа – сите ќе го прават тоа. Ниту ДУИ, ниту АА не можат да говорат во името на сите Албанци во ова наше едно општество, исто како што ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да зборуваат во името на сите Македонци.

пишува: ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

Next Post

Царовска: Се грижиме за ранливите граѓани, веќе 370 од корисниците се вработени

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk