ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Не читајте, за изборите ви пишувам!

Времето е премногу кратко за да се спроведат процесите барем приближно успешно, таман и да имаме нормална опозиција, а не криминално политичка машинерија што работи против сопствената земја. Не, сѐ ќе се стави на чекање (а не може) и ќе се оди на предвремени избори за да им се даде шанса на уништувачите на македонската иднина.

December 27, 2019 18:35
in ESPRESSO, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Знам дека ова е уште еден од оние „рафали“ што се меѓу најважните, а никој нема да сака да ги прочита ни со минимум потребното внимание. Да се занимавав со пикантерии и скандали, ова писание ќе привлечеше далеку повеќе читатели. Вака, само малкумина ќе нишнат со глава и немоќно ќе слегнат со рамената, а останатите ќе продолжат низ политичкото беспаќе. Да, за изборите се работи! Значи, да повториме (по не знам кој пат)…

Говорев безброј пати на оваа тема. Водев и две прес конференции, првата, во октомври, веднаш по одлуката на партиските лидери да одат на непотребните избори, а втората, откако сфативме дека се прават избрзани изборни реформи зад (полу)затворени врати. И не само тоа, се обидовме, низ текстови, јавни настапи, па и со видео прилози (Предвремени парламентарни избори: Брзи, но одложени!), да објасниме за што се работи. Никому ништо. Еве, уште еднаш… А вие, не читајте!

Услови за предвремени избори во Северна Македонија има и нема. Има, затоа што системот е колку-толку кадарен (административно) да спроведе изборен процес, а државата веќе не е заробена од криминален режим, па така граѓанките и граѓаните имаат барем минимум пристојни услови за практикување на фундаменталното човеково право – правото на глас. Тука некаде овој дел од приказната може да се (под)затвори.

Од друга страна, услови нема, затоа што започнатите евроатлантски и реформски процеси се во тек, економијата тукушто се придвижува, а општата политичка и општествена клима е таква што избори, не само што нема да решат ниеден тековен проблем, туку само ќе отворат нови. И ќе ја парализираат земјата на најмалку една година, што може да биде пресудно и за наредната, најмалку, една деценија…

!!!

Предвремени парламентарни избори на Северна Македонија не ѝ се потребни ни најмалку. За предвремени избори не се изговор ниту бескрајните плачливи и хистерични тегавења на Мицкоски, а ниту неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Владата постигна успеси на меѓународен план кои, без нималку претерување, можат да се означат како историски. Одложениот датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија ни оддалеку не беше неуспешна мисија на Владата. Напротив, неуспехот да се добие датумот во октомври 2019 година беше само непријатен показател за проблемите внатре во Унијата. Не беше наш, туку неуспех на ЕУ!

Претходно познатиот термин за предвремени избори, октомври 2020, исто така, беше неприфатлив. Требаше да се одржат во декември 2020 и толку. Навистина, не е потребно посебно да се убедуваме околу тоа, но кога веќе мора, аргументите се многубројни, почнувајќи од факторот време. Точно така: Времето е премногу кратко за да се спроведат процесите барем приближно успешно, таман и да имаме нормална опозиција, а не криминално политичка машинерија што работи против сопствената земја.

И тоа, се разбира, не е сѐ.

Освен што изборите не се потребни, уште помалку беше потребно да му се излегува во пресрет на крајно деструктивен и лабилен политичар, од кого ниеднаш не слушнавме јасен став по ниедно прашање, па од брзи, да добиеме одложени, а секако предвремени парламентарни избори.

Да се потсетиме. Премиерот Зоран Заев најави брзи предвремени парламентарни избори, поточно, веќе во декември оваа година. Да повториме, БРЗИ. Најавени во октомври, ако веќе мораше да ги има, имаше доволно време за тоа, а сега можевме да ги коментираме изборните резултати, да се кладиме околу составот на владата и да споделуваме коментари и вицеви на сметка на губитниците.

Да се запрашаме… Ако изборите се брзи, тогаш, кога треба да се одржат за навистина да бидат брзи? Зошто Мицкоски бегаше од избори во декември, кога постојано бара избори да се одржат веднаш и сега? Дали навистина Пржинска влада е обврска? Дали политичките лидери погрешија или не? Одговорите на овие прашања се толку очигледни, што станува веќе здодевно да се објаснува, а одговорите сами по себе се наметнуваат.

!!!

Особено што се однесува до пржинската влада… Тоа беше дел од договор за надминување на политичка криза и за неутрализирање на криминална клика, за ублажување на последиците од режимот и создавање минимални услови за слободни избори во 2016 година. Затоа беше договорена техничка влада во 2016 година! И таа техничка влада, наспроти договорот да трае 100 дена, траеше само 45 дена. Зошто Мицкоски доби 100 дена? Нека се замислат законодавците. И нека дадат одговор – барем тоа им го должат тоа на македонските граѓанки и граѓани!

А таа пржинска влада во 2016-та, инаку, беше сѐ, само не влада. Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се трудеше да ги скрие своите криминали и да го блокира демократскиот процес. Во меѓувреме, опструкциите и насилството останаа единствен политички концепт на оваа партија чие водство е до гуша во неславни дела и криминали. Што можеме да очекуваме сега, во 100-те дена влада во која ќе влезат министри и заменици на партија која ни еден милиметар не се помрдна од курсот на нивниот капо ди тути капи од Будимпешта?

Уште не читате? Добро. Јас ќе продолжам со пишување, а вие продолжете со нечитање.

Во меѓувреме, принудени сме, сите ние, не по наш избор, да бидеме дел од крајно ризична игра – да не бидеме запамтени како земја со историски успеси, туку да бидеме пример на земја со пропуштени шанси за историски успеси.

Колку куфери ќе се спакуваат после 12 април 2020 година, останува да одлучите вие, што не читате…

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Оливер Спасовски премиер на техничката влада, Мила Царовска на местото на Анѓушев

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk