ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Одлуката на ДИК конечна: Барањето на Чулев не е документ поврзан со организација на изборите

Оваа спорно решение за кое министерот за внатрешни работи бара мислење е донесено врз основа на член 44 од Законот за Влада на РСМ во кој се дефинирани правата и должностите на министерот за внатрешни работи. Овие права и должности не се однесуваат на акти и документи кои ги донесува министерот на МВР, а се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организирање на избори“, објасни Елизабета Постоловска, член на ДИК

January 14, 2020 14:11
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно одлучи дека барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за назначување на раководна позиција во СВР Скопје не е акт кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на избори, известува Цивил Медиа.

„Оваа спорно решение за кое министерот за внатрешни работи бара мислење е донесено врз основа на член 44 од Законот за Влада на РСМ во кој се дефинирани правата и должностите на министерот за внатрешни работи. Овие права и должности не се однесуваат на акти и документи кои ги донесува министерот на МВР, а се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организирање на избори“, објасни Елизабета Постоловска, член на ДИК.

„ДИК не е надлежна по ниту еден основ да дава мислења за примената на законот за Влада, уште помалку да дава толкување на тој закон за вакви конретни решенија. ДИК не е таа кој ги определува ниту надлежностите на министерот за внатрешни работи ниту на друг министер, ниту на, во конкретниот случај на дополнителните заменици министри“, дополни Борис Кондарко, член на ДИК.

„Одлуката на ДИК е конечна“, заклучи Деркоски по гласањето за усвојување на мислењето побарано од Чулев во однос на решението за назначување на Ристо Ставревски за раководител на СВР Скопје.

ДИК се раководи според членот 48 од Законот за Влада кој ги опфаќа членовите 46 и 47 од истиот, но не и 44 на кој се повика Чулев при барање мислење.

„Тоа е изворна надлежност на министерот од членот 44 и тие именувања не подлежат на активностите што се дадени од членот 46, 48 и понатаму 47, кои се однесуваат на организација на изборите“, објаснија од ДИК, а Деркоски додаде дека за именување на Ставревски не е потребен втор потпис, повикувајќи се на став 4 и 6 од членот 44.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Next Post

Бектеши: Поддршка и солидарност од сите земји во обнова на погодените подрачја од земјотресот во Албанија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk