ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Најавена посета на делегација на Армијата на Србија, посета на „Дрисла“ и на „Раде Кончар“

Денешните настани во политиката се концентрирани во Собранието со седница и повеќе седници на комиисите. Од економијата се очекуваат информации од Регулаторната комисија, посета на „Раде Кончар“ и информација за поврат на ДДВ. Град Скопје организира посета на „Дрисла“, а Министерството за животна средина промовира и мерка за чист воздух. Каратистите блескаат во спортот. Изложби, филм и промоција на книга...

February 5, 2020 09:34
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 131. Седница, денеска на пладне, а во Скопје во посета доаѓаат и Томас Бертин, шеф за Балканот и Елса Бензакуен Наваро, одговорна за земјава во француското МНР.

Тие во Собранието ќе се сретнат со пратеничката Ивана Туфегџиќ и со пратеникот Бетиан Китев.

Денеска ќе се отвори и Парламентарна буџетска канцеларија во Собранието, во 14.15 часот.

Седници ќе одржат и повеќе собраниски комисии, како Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за економски прашања и Комисијата за култура.

Во посета на државата доаѓа и Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ, која со високи воени почести ќе биде дочеката платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот, а потоа ќе се сретнат со генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Планитрани се и потпишувања во книгата за впечатоци, како и средба со висок претставник од Министерството за одбрана, но и работен состанок со дел од клучниот персонал во Генералштабот.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе остварат средба со менаџментот на компанијата „Раде Кончар“ контрактори и релеи по што ќе ги посетат производствените простории на фирмата, денеска во 10 часот, на бул. „Трета Македонска Бригада“ бр 54.

Во земјоделството пак, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски  ќе дадат изјава за исплатата на субвенции за градинарски култури, по што Димовски ќе ја посети браната Чаушица во 13 часот.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе ја посети градинката „Панорама – Водно“ во општина Центар каде се врши замена на систем на затоплување во рамки на Планот за чист воздух во 10 часот.

Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите ќе одржат прес-конференција за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период.

Неделата на интегритет и антикорупција 2020 ќе се одбележи од Интернационалната стопанска комора со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во хотел „Хилтон“ во 11 часот.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе информира за исплатата од проектот „МојДДВ“ за второто тримесечје, во Генерална дирекција во УЈП, зграда НБРМ во 11 часот.

 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски ќе одржи средба со новинари, во просториите на РКЕ во 10 часот.

Во областа на културата ќе се одржи дводневен семинар „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан: Семинар за промоција и вмрежување“ во организација на Министерството за култура во соработка со Делегацијата на Европската унија во Скопје. Прес-конференција ќе има Друштвото на филмски работници за второто издание на „Златна Рамка – денови на македонски филм“.  На пладне се отвора изложбата „Охрид/поглед од другата страна“, во Музеј на Република Северна Македонија, а вечер може да ја посетите изложбата на црно-бели фотографии и промоција на книгата „Прага интима“ од македонскиот автор Влатко Деков, во НЛБ Галерија, во 20 часот. Час претходно ќе се промовира новата книга „Сакам, значи постојам“ на Ана Јовковска во Арт-кафе „Ли“.

По скандалот обелоденет за неправилно постапуваљње со медицински отпад, градоначалникот Петре Шилегов и Министерството за животна средина организираат Отворен ден за новинарите во депонијата „Дрисла“, во 13 часот.

Во спортот денеска доминира каратето при што се избираат најдобрите македонски каратисти во традиционално карате за 2019 година, во Хотел Спа & парк, во 12.30 часот, а прес-конференција ќе одржи и Агенцијата за млади и спорт и Карате федерацијата на Македонија по повод настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 во Будимпешта, во просториите на АМС во 13.30 часот

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ не сака Закон за ЈО, се залага за амнестија на криминалците

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk