коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Крсто Јовановски, пратеник со лик што тешко се помни, од говорницата во Собранието, дискутирајќи за законот за јавно обвинителство, го цитираше својот професор по глума, режисерот Љубиша Георгиевски. Па вели, „само лош глумец може да биде добар политичар“. Лош глумец е секако, но и како политичар не е ниту прославен, ниту ќе се прослави.
Лошиот актер и политичар Јовановски, секако, не заслужува да биде коментиран посебно. Но, неговиот патетичен и празен настап на говорницата е, на некој начин, добра илустрација за „аргументацијата“ на Илија Димовски и пратеничката група што сѐ уште ја држи под контрола.
Лошата глума и криминалот ги доведе до овде. Притиснати до самиот раб, сѐ што можат да сторат е да ги купат и последните можни минути, пред да се донесе законот за јавно обвинителство, што во превод значи – чекор поблиску до правната држава (долг е патот) и до ЕУ. Без потреба од глума, ни лоша, ни добра.
Сакаат да се прави законот по изборите… Знаеме како би изгледало тоа. Има само едно име – Сваровски.
Сите права се задржани.