ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Жителите не паметат ваква трагедија, три деца починаа во експлозијата во Романовце

Трите починатите во несреќата што се случи денеска во Романовце се деца, потврдија и од кумановската болница и селаните од Романовце. Ваква трагедија, жителите на кумановско Романовце не паметат со голем број на жртви и повредени од едно семејство. Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А

February 23, 2020 15:18
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Трите починатите во несреќата што се случи денеска во Романовце се деца, потврдија и од кумановската болница и селаните од Романовце. Ваква трагедија, жителите на кумановско Романовце не паметат со голем број на жртви и повредени од едно семејство. Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А.

Од МВР информираат дека околу 10.00 часот во Романовце во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.

Денеска и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го посети селото, се сретна со мештаните и изрази сочуство.

-Заедно со заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и со заменик началникот на СВР Куманово да изразиме сочуство до семејството Алими. Ова е навистина голема трагедија. За жал е констатирано дека три деца се починати на 10, 12 години, седум лица се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик министерот Нухиу.

Тој информираше дека на местото на несреќата излегле јавното обвинителство, службите од МВР. Според првичните проценки, вели заменик-министерот станува збор за пожар предизивикан од плинска боца. Во текот на денот и наредниот период, додаде се очекува конечниот извештај од јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се понуди помош на семејството, Нухиу истакна дека институциите ќе понудат поддршка од сите апскети, вклучително и медицинските екипи.

-Засега ништо не можам да кажам за здравствената состојба за седумте лица пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик министерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на месната заедница, Таџедин  Есапи, жали за трагедијата што се случи во нивното село во кое починаа три малолетни деца

-Сите сме во жалост. Ваква трагедија немало во селото. Ми се јави кумановскиот градоначалник кој изрази сочуство и изрази подготвеност да му се помогне на семејството, вели Есапи.

Командирот на смена од кумановската противпожарна единица, Видан Трајковски, рече дека кај нив пожарот бил пријавен во 10.10 часот.

-По прием на дојавата, изглевме на терен со едно возило и четири пожарникари. Интервениравме на пожар во семеен дом. Пожарот е настанат од експлозија на плинска боца во просторијата имаше повеќе повредени и ние имаме информации дека три деца се починати, изјави Трајковски.

Пожарот целосно е ставен под контрола, односно е изгаснат.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева рече дека три починати лица се деца и седум биле повредени.

-Се направи тријажа, беа однесени во скопските клиники. Од мое лично име и од име на болницата изразувам длабоко сочуство до семејството, изјави Захариева, додавајќи дека меѓу повредените има и бремена жена.

Доктор Зоран Стојковски исто така потвврди дека во страшната трагедија тројцата починати се деца. 

-Некои во критична состојба. Сите по пружената првична реанимација се препратени во терцијална установа, вели Стојковски за повредените.

Од кумановската болница додаваат дека ваков тип на сериозна несреќа во едно семејство немало со години.

Next Post

СДСМ: За две и пол години просечна плата повисока за над 4.000, а минимална за 5.500 денари

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk