ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Косово еден сомнителен случај на коронавирус

Витиа рече дека претпоставува оти станува збор за обичен грип, но најави дека резултатите од анализите ќе бидат познати во наредните неколку часови и нагласи дека јавноста ќе биде запознаена со нив на најтранспарентен начин.

February 24, 2020 14:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа информриа дека на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово моментно се третира еден сомнителен случај на лице заразено од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Витиа рече дека претпоставува оти станува збор за обичен грип, но најави дека резултатите од анализите ќе бидат познати во наредните неколку часови и нагласи дека јавноста ќе биде запознаена со нив на најтранспарентен начин.

– Можностите за појава на случаи со коронавирус во Косово се реални, меѓутоа ние се подготвуваме за да ги преземеме потребните мерки. На инфективната клиника се појави еден сомнителен случај, но не треба да се крева паника, затоа што претпоставуваме дека се работи само за грип, изјави Витиа при денешното пуштање во употреба на лабораторијата за микробиологија.

Тој информира дека на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ се направени сите потребни подготовки за контрола на патниците кои доаѓаат од Италија.

– На аеродромот има лекарски тимови. Стратешкиот план е усвоен минатата недела и уште денеска започнавме со средбите и во координација со другите ресори работиме на преземање превентивни мерки, изјави Витиа, нагласувајќи дека здравствените институции во земјата располагаат со доволно лекови во случај на појава на коронавирусот.

На инаугурацијата на новата лабораторија, изградена со средства од италијанската Агенција за соработка и развој, присуствуваше и амбасадорот на Италија, Никола Орландо, кој рече дека засега нема потреба од прекин на авио-линиите меѓу двете земји.

– Мерките кои се преземени (во Италија), иако вирусот се прошири многу бргу, се многу силни. Се работи за болест за која ниту една земја не е 100 отсто подготвена да се соочи со неа. Коронавирусот нема потреба од виза. Сметам дека нема потреба од претерувања, да им веруваме на науката и здравствените професионалци, изјави Орландо, кој рече дека засега нема информации за заболени Албанци во Италија.

Next Post

В среда започнува увидот во Избирачкиот список

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk