Досега никој не ми се јавил за да влијае да постапувам вака или онака, или за да не постапувам“, вели обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле, по вчерашните опозициски обвинувања дека Обвинителството штити некого.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашниот протестен марш ги повика Обвинителството и судовите во неговото обраќање.
„И еве, поминаа повеќе од 48 часа, а нема никаква, никаква суштинска реакција ниту од Рускоска, ниту од било кој друг“, обвини Мицкоски.
Не штитам никого
„Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга“, вели за ДВ, обвинителката Вилма Рускоска.
„Вчера Антонијо Милошоски ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави. Направив една паралела. Кога Јордан Камчев дојде да поднесе пријава, достави аудио и видео снимки, а при поднесувањето на записникот за кривичната пријава посочи и лица кои би можеле да посведочат за веродостојноста на тоа што тој го кажува. И додека се чекаше вештачењето на материјалите што ни ги достави, лицата што ги посочи беа повикувани да дадат исказ. Му сугерирав и на Милошоски – ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска.