ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Студија: Кризата со корона вирусот спасила 77.000 животи во Кина само поради намалување на аерозагaдувањето

March 19, 2020 09:46
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата со корона вирусот во Кина се проценува дека спасила десетици илјади животи преку драстичниот пад на аерозагадувањето од фабриките и возилата, покажуваат анализите на проф. Маршал Бурк, научник од Стенфорд универзитетот.

Бурк во студијата, што ја објави магазинот Форбс, користел податоци од сензорите на американската влада во четири кинески градови за мерење на нивото на 2,5 ПМ честичките, кои што се сметаат за главна причина за смртност предизвикана од аерозагадувањето. Тој ги пресметал ефектите врз смртноста на национално ниво земајќи го просекот од падот на намалување на загаденоста на воздухот.

Утврдил дека намалувањето на аерозагаденоста за два месеца „најверојатно спасило животи на 4.000 деца до петгодишна возраст и на 73.000 луѓе на возраст над 70 години во Кина“.  При ваквата конзервативна пресметка на Бурк не биле земени предвид други смртни случаи кај лицата од пет до 70-годишна возраст. Тој ги тестирал неговите предвидувања и со многу поконзеравтивна пресметка и повторно дошол до бројка од спасени животи на 1.400 деца и на 51.700 возрасни.

-И во услови на многу поконзервативни претпоставки спасените животи како поседедица на падот на аерозагадувањето се за околу 20 пати повеќе од бројот на жртви на корона вирусот, напишал Бурк користејќи ја стастистиката објавена на 8 март.

Проф. Бурк предупредува дека неговите пресметки се всушност предвидувања за влијанието врз морталитетот, а не мерења, а неговите бројки не ги вклучуваат другите негативни последици од кризата со Ковид 19.

-Сепак, пресметката е можеби корисен потсетник на често скриените последици по здравјето, односно на значителната цена по нашето здравје која ја плаќаме поради нашиот востановен начин на живот. Ковид-19  може да ни помогне да ја видиме многу појасно цената што ја плаќаме. Гледано пошироко, падот на загадувањето од ваков размер може да води и до многу поголеми бенефити, сугерирајќи ни дека треба да го промени начинот на живеење, вели Бурк.

Ефектите се најдраматични во јужна Кина, во градовите Шангај и Вухан, но веројатно тие би можеле да се повторат глобално како расте бројот на земји соочени со кризата предизвикана од коронавирусот. Тоа е особено евидентно во долината на реката По во северниот дел на Италија каде што е забележан пад на емисиите на јаглерод диоскис и на азот диоксид како резултат на редуцираниот собраќај и намалената индустриска активност, потврдуваат од Европската вселенска агенција.

Според Центарот за истражување на енергија и чист воздух, ова намалување на бројката на смртни случаи како последица од аерозагадувањето треба да се случува и на глобално ниво. Само за еден месец тоа би значело избегнување на неколку десетици илјади смртни случаи поради задаеноста на воздухот.

-Ова не значи дека пандемијата се смета како некој вид прикриен благослов, имајќи ги предвид сите страдања што таа им ги донесе на луѓето, но покажува дека може лесно да се надмине хроничната и долготрајна закана по здравјето како што е аерозагадувањето, за кое се сметаше дека е тешко да се најде соодветен одговор, велат од Центарот.

Во меѓувреме, сателитот започнал да регистрира пораст на нивото на загаденоста на воздухот во Кина, како што Владата ги олеснува мерките за кризата со корона вирусот.

Next Post

Бескаматни кредити, субвенции на придонесите за вработените од 50%, како дел од првиот пакет економски мерки за помош на стопанството

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk