Денес беше соопштено дека кај нас е регистиран првиот смртен случај од корона вирус. Станува збор за 57 годишна жена од Куманово.
Пациентката претходно била два пати тестирана за Ковид-19, но тестовите биле негативни. Постхумно било констатирано дека е позитивна на корона вирус.
Министерот Венко Филипче изрази сочувство до семејството на починатата и порача уште еднаш да се разбере сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.
„Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас – коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја. Се работи за 57 годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат.
Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи“ – напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
А. Н. С