ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема да се плаќа царина за средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици,…

За времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамки на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка.

March 23, 2020 12:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина ќе бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема, најави денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Во рамки на ЦЕФТА, укажа, заедно Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките.

– Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт. Во таа насока до среда треба бидат договорени списоците на стоки што ќе се движат преку зелен и син приоритетен канал. Преку системот СЕЕД за размена на податоци ќе се разменуваат информации за итни пратки што треба да имаат приоритет, рече Танасоски на заедничка прес-конференција со министерот з атранспорт и врски Горан Сугарески.

Според Танасоски, и во тек на полицискиот час, што е во сила од вчера, движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува. Со тоа и присуството на Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е предвидено вакво работно време, а на останатите царински испостави во рамки на работно време. Царинските службеници ќе дадат поддршка за непречено спроведување на царинските постапки, во новонастаната состојба, рече Танасоски.

Како што појасни, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамки на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка. Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит (овластен примач) и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час. Тоа  ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија.

Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослободување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197.

Царинската управа, по почетокот на пандемијата на Ковид-19, по службена должност ги продолжи роковите на важење на одобренија за поедноставени царински постапки, со што, потенцираше Танасоски, компаниите треба да бидат сигурни дека и понатаму можат да ги користат постапките на локално царинење на извоз и увоз.  Постапката за целосно бесхартиено извозно царинење што почна во дел од испоставите минатата недела, треба да се прошири и во сите царински испостави.

Како што најави Танасоски, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи и рокот на важење на банкарските гаранции кои истекуваат до 30 јуни.

Царинската управа заедно со Државниот инспекторат за санитарно здравство и МАКАМТРАНС и АМЕРИТ ги координираше активностите за издавање на потврди на превозниците за придржување кон мерките за контрола и санитација и истовремено за олеснување на движењето на стоки.

Како што најави претходно Сугарски, од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарени здравствен инспекторат.

Next Post

Вкупно 136 заболени од корона вирус, 22 новодијагностицирани, двајца починати

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk