СВЕТСКАТА ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде емитувана на 29 март со почеток од 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба“ ќе биде заокружен циклусот #СедиДома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис.
ШЕКЕРИНСКА на ФБ: Ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека оваа влада сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани.
ДИМИТРОВ на ФБ: Ако веќе не помагате, во време на вонредна состојба, аман не одмагајте, срамота е!
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на својата 28-ма седница го усвои Записникот од Десеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19, одржан на 25 март 2020 година.
ДИРЕКТОРОТ на КПД Идризово „преземени се сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со корона вирусот. Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.“
НАЦИОНАЛНИОТ институт за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави попладнево дека во земјата се откриени осум нови случаи на лица заразени со вирусот Ковид-19, по што официјалната бројка на носители на новиот корона вирус сега изнесува 71.
ВО Франција во моментов има 25. 233 случаи на заразени со корона вирусот, потврдени со тестови, од нив 11. 539 лица се на болничко лекување, а од почетокот на епидемијата излечени се 3.900 лица.
БРОЈОТ на починати од корона вирусот во Италија денеска се зголеми за 683 и сега изнесува 7.503 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
ГЕРМАНСКАТА канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат беше негативна на тестот за корона вирус, но лекарите одлучиле таа и натаму да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.