ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Состанок со историјата

Во една реченица: 11 години режим, насилство и изолација, крвав напад на Собранието и обид за ликвидација на опозициски лидери, историски договор со Грција, Референдум, жестока националистичка кампања против историските успеси, решителни реформи, секавично брзо зачленување во НАТО и ЕУ датум. Наспроти сето тоа, Заев одржа уште еден состанок со историјата.

March 25, 2020 10:58
in ESPRESSO, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како и секогаш, „визионерот“ Мицкоски предвиде дека Северна Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како што своевремено тресна, „не во јули, ниту пак во јуни, со политичари како Заев и Пендаровски“. Во право беше, нашата земја доби датум за преговори во март. За една недела, Северна Македонија се закити со членство во НАТО, а сега и со преговори за членство. „Визијата“ на намесникот на Груевски остана да лежи на дното од мочуриштето на деструктивната антизападна и антимакедонска политика.

Одиме понатаму, со крупни евроатлантски чекори! Уште една добра вест, без претерување историска, втора за една недела, среде светска криза, ги круниса храбрите напори на Зоран Заев и неговиот тим. Редно е, фер е, човечки е да се пофали и да се оддаде признание, а заслужните да се посочат со име и презиме. И добро е да се потсетиме каде бевме, за колку време се вративме на мапата на светот и што сѐ преживеавме за да дојдеме до тука. И кој го пробиваше патот низ густата шума од неволји.

Во една реченица: 11 години режим, насилство и изолација, крвав напад на Собранието и обид за ликвидација на опозициски лидери, историски договор со Грција, Референдум, жестока националистичка кампања против историските успеси, решителни реформи, секавично брзо зачленување во НАТО и добивање ЕУ датум. Наспроти сѐ, Заев одржа уште еден состанок со историјата.

По неуспехот на ЕУ во октомври минатата година, да повториме – неуспехот на ЕУ, да го даде долгоочекуваниот и заслужен датум за нашата земја, европските лидери (сите, сосе Макрон!) смогнаа сили и политичка волја да се соочат со својот неуспех. Дури и внесоа измени во протоколот, за да ја исправат својата грешка и да донесат едногласна позитивна одлука. И веднаш го одврзаа кесето од кое, само за борба против корона вирусот, во македонскиот буџет ќе влезат речиси 70 милиони евра. Стотици милиони евра допрва следат.

Некои ќе речат дека пандемијата ѝ помогнала на Северна Македонија да го добие датумот. Не, тоа е политичарот Зоран Заев и неговата екипа која тој ја постави и тоа се институциите што тој ги залечи, колку што имаше (а немаше) време, да можат да се справат со пандемијата на начин каков што не успеваат ни најразвиените во светов.

Што ли се случува сега во електронската комуникација на линија Кремљ – Будимпешта – Скопје? Колку ли се потат Мицкоски и неговата правно-политичка „армадила“ (непостоечки збор со кој се користи „математичарот на тато“) пред своите шефови? Дали ќе побараат уште неколку милиони евра за своите шпионско-медиумски операции? Дали ќе тргнат во тотална пропагандна војна и со какви ли „експертски“ методи ќе се служат сега? Или, тивко и подземно, како што добро знаат, ќе ја поткопуваат довербата на луѓето во институциите и во европската иднина?

Одговорите на овие прашања веќе се насетуваат во првите реакции и изјави, но ударот против македонските национални интереси допрва ќе следи. Додека политичарите и пожртвуваните професионалци во институциите и пошироко, сосе продавачките и текстилните работнички, ја бијат битката со пандемијата, тие имаат доволно време, удобно затскриени зад милионите црни пари и тоталната неодговорност и злонамерност, да работат непречено против евроатлантската иднина, наша и на генерациите по нас.

И додека пијат Књаз Милош и апсурдно (глупаво) заговараат купување македонски производи, тие ги влечат потезите преку своите крупни остатоци во правосудството, полицијата и на други стратешки места. Лажните вести и говорот на омразата им се главното оружје, како секогаш, така и овие денови. Дури и кога нивните постапки и изјави изгледаат како добронамерни сугестии, всушност, се диверзија против системот на одбрана против корона вирусот. Со политичко-медиумски диверзии се надеваат дека ќе има неказнивост и враќање на режимот. Со одлични позиции во техничката влада кои, за среќа, не ги користат во корист на своите деструктивни замисли.

Мала дигресија: Најсреќен ќе биде Груевски ако Спасовски му даде отказ и на министерот за внатрешни и неколку други ликови во техничката влада, како што го направи тоа со „најголемата патриотка“. Но Спасовски е мудар, само го исклучил Наќе од Вибер групата на владата, како што овој плачливо им се пожалил на „куртоните“ (Латасов израз) пред некој ден. Па нека се сликаат сега… Со воениот злосторник, на пример… Но, да се вратиме на најновиот македонски историски успех…

Значи, не ни помогна пандемијата да добиеме ЕУ датум, туку пандемијата му помогна на Груевски и неговите намесници да купат време и да се консолидираат. Како што им тргнала работата, веројатно ќе останат на дното на мочуриштето што самите го создадоа. Но, нивната деструкција нема да помине без последици, бидејќи се лудо богати и тие пари ги користат за безумно мрачна кампања против сопствената земја.

Многу маски ќе се стават овие денови, но не само за заштита од корона вирусот. Тука се евроскептичните мрчатори, да ги наречеме нагалено, иако ги заслужуваат сите подбивни прекари што може да се замислат. Тие веднаш поитаа да кажат дека ова ништо не значи, дека преговорите ќе траат најмалку 10 години, дека ЕУ ќе се распадне до тогаш и што уште не. Бре! Како што и нивниот антизападен Мицкоски „визионерски“ предвиде дека нема да го добиеме датумот, нели? Да не се лажеме, проруските говеда се вкопани и во тие ровови, невешто маскирани како „неутралци“ или, како што ги нарекуваат на Твитер – „неутровмрони“.

Да завршиме, сепак, со позитивна, но претпазлива мисла…

Дали ќе влеземе во ЕУ за шест години (на Хрватска ѝ беа потребни седум), зависи од нас. Новата методологија за зачленување е многу потешка за нашите политичари и институции, но е поставена на тој начин што не е возможно бавно напредување, туку само брзо и ефикасно. Што е супер за граѓанките и граѓаните! Како и да е, сѐ зависи од нас. Ако кецарошите, копитата, оние што по Уставно право имаат одвај шестки и некои што се „прославија“ со тотална забеганост, национализам и криминал се доберат до власт, ќе ги изгубиме сите шанси за влез во ЕУ, било кога.

Како што ни тргна, сепак, изгледа дека ќе успееме да го извлечеме најдоброто од нашите зачестени состаноци со историјата.

Мицкоски, #СедиДома, а #МКвоЕУ #МКвоНАТО

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУЗоран ЗаевинтеграцииНАТОСеверна МакедонијаХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk