ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Општина Кисела Вода врши дезинфекција во сите згради на своја територија

Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести

March 26, 2020 12:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Кисела Вода, продолжува со активностите за превенција од ширењето на вирусот Ковид-19. Имено, преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа, од денес, се врши дезинфекција на сите колективни станбени згради на оваа територија. Мобилни тимови организирани од Општината денес вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник. Утре ќе се врши дезинфекција во урбаните заедници Цветан Димов и Кисела Вода, во сабота во 11 Октомври згради и бараки, додека во недела ќе бидат опфатени колективните станбени објекти во Бирарија, Црниче, Пржино и Припор.

Ова е уште еден од чекорите кои оваа локална самоуправа ги прави за превентива и заштита на своите жители од корона вирусот. Претходно, Општина Кисела Вода изврши дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење и на автобуските постојки на оваа територија. Воедно, уште еднаш потсетуваме дека во рамките на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот,  Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие, секојдневно, за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, на телефонските броеви 070/379-456  и 02/3211-417 можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат.

Со почит,

Општина Кисела Вода

Next Post

СЗО: Изолацијата не е доволна за да се искорени епидемијата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk