ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Добро е што во моментов имаме линеарно зголемување на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално

Бројките се апсолутно точни, не може да биде поинаку, тие бројки ние ги споделуваме и со официјалните претставници на Светската здравствена организација и тука простор за манипулација нема, ниту ќе има, а нема ниту од страна на ниедна земја којашто комуницира со СЗО“, изјави министерот Филипче.

March 27, 2020 18:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на редовната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја соопшти состојбата со КОВИД-19 во земјава и истакна дека не треба да има ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки, бидејќи бројките се споделуваат со официјалните претставници на Светската здравствена организација и тука простор за манипулација нема, од ниту една земја.
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, по градови: Скопје 11, Прилеп 4, Куманово 2, Тетово 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја, изнесува 219 лица.

Според местото на живеење досега случаи се регистрирани во Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово и Гостивар. Во земјава има тројца излекувани пациенти и за жал, тројца починати.

Во однос на бројката на регистрирани случаи, сакам сега јасно да укажам и да и објаснам на јавноста дека не треба да се има ниту најмал сомнеж дека не се споделуваат точни бројки. Бројките се апсолутно точни, не може да биде поинаку, тие бројки ние ги споделуваме и со официјалните претставници на Светската здравствена организација и тука простор за манипулација нема, ниту ќе има, а нема ниту од страна на ниедна земја којашто комуницира со СЗО“, изјави министерот Филипче.

Министерот Филипче посочи дека во овој момент, е добро што имаме линеарно зголемување на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално, но подвлече и дека здравствениот систем е подготвен да прифати и да третира пациенти, дури и да има ваков раст.

Филипче информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 41 пациент. Од нив седум се во потешка здравствена состојба, но тие се респираторно независни, не им е потребна помош од респиратор, односно интубација, механичка вентилација, додека 27 се средно тешки пациенти, и седум пациенти се со поблаги симптоми. Стабилна е и состојбата на пациентите во Штип.
Во Заводот за рехабилитација „Козле“ се уште траат анализите, анкетите. Земени се материјали на уште 18 вработени, веднаш по стигнувањето на сите резултати ќе се направи план за функционирање на оваа установа, постои голема веројатност од понеделник да работи само амбулантскиот дел со соодветен распоред на здравствените работници, меѓутоа се уште не се готови анализите и веднаш по завршувањето на тестовите ќе се направи план за работа заедно со епидемиолозите.

„Имавме случај на Клиниката за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим практично на работа пројавил симптоми, сакам да кажам дека оваа случка е во делот на ангио-салата, каде што нема лежечки пациенти туку пациенти доаѓаат само за интервенција на срцето. Во тој дел лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени, заради тоа што е таква технологијата на работа, но сакам јасно да кажам дека некој кој се појавил на работно место свесен дека и претходно има симптоми, да тука ќе следат санкции“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче информираше дека добиена е донација од 3.000 маски во текот на вчерашниот ден – денеска уште три илјади платнени и хируршки маски кои ќе им бидат поделени на матичните лекари, кои се целосно вклучени во системот на детекција при прегледи и закажување на пациентите.

„На почетокот и во текот на следната недела, се очекува поставување т.н мобилна болница, на просторот до Клиниката за инфективни болести. Тука ќе бидат поставени објекти во кои ќе се сместат близу 130 кревети, со што капацитетот на Клиниката за инфективни болести практично се дуплира, со соодветни тоалети, суви ходници, со коишто ќе се комуницира со самата клиника, заради тоа што сметаме дека е добро да се надополни капацитетот таму каде што е всушност експертизата“, истакна министерот Филипче.

На прес-конференцијата, министерот Филипче потенцираше дека здравствените работници се целосно мобилизирани и подготвени се капацитетите.

„Здравствените работници се целосно мобилизирани и се подготвени капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што ние сме во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Соодветно се третираат, терапија е веќе аплицирана – таа што ја најавивме кај сите пациенти на клиниката кај којашто е индицирана, согласно анализите од електрокардиографијата, така што сосем добро и стручно се справуваат колегите во сите јавноздравствени институции“, изјави министерот Филипче.

Next Post

Столтенберг: Добредојде во НАТО Северна Македонија

Shortcut

Најново

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk