ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кратењето на платите е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која мора да се поставиме државнички, смета Заев

March 28, 2020 10:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Свесен сум дека кратењето на платите во администрацијата е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која не можеме да калкулираме, мора да се поставиме државнички и ова да го поминеме на нозе, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на гостување во телевизија „Алсат“.

Во емисијата „360 степени“, Заев посочи дека изедначувањето на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е и повеќе да помогнат на државата.
– Во услови кога се замрзнати кредитите за три месеци, во услови кога се замрзнати целосно извршувањата, логично е, солидарно, сите да го понесеме овој товар. Зошто? Богатите биле научени да живеат побогато, па сега наеднаш ќе им стане тешко? Не, туку тие во оваа ситуација ќе отстапат најмногу од својот приход. Се претпоставува дека овие службеници со повисоки примања имаат акумулација во банка или заштеда дома, затоа што низ годините наназад секогаш земале повисоки плати. Еве на пример, ќе илустрирам со премиерската плата, која во ситуацијава ќе се намали за повеќе од 70 илјади денари. Ако мериме според просечната плата, која во декември била околу 25 илјади денари, тоа значи дека просечно кратиме по 10 илјади денари на секој административец, појасни Заев.
Додаде дека со кратењето на платите во администрацијата практично парите од намалените плати нема да одат во Владата, туку ќе останат во самата институција за да таа може да биде финансиски подготвена да ја преброди економската криза.
– Да го земеме пример претпријатието Македонски шуми. Парите што ќе се скратат од вработените таму, се пари кои нема да одат во Владата, туку ќе останат во самото претпријатие, за да претпријатието има  финансиска кондиција да ја преброди економската ситуација, истакна Заев.
Додаде дека сите трошоци во Владата се сведени на минимум со државните возила, мебелот, дневниците на службениците во обид на секој можен начин да заштедат пари за кризата.
Посочи дека целиот пакет мерки што го предложиле како партија е насочен кон работниците и к0он стопанството, кон тоа да се сочуваат работните места.
– Економската криза ќе има далеку поголеми последици од здравствената и затоа е подобро да се преземат превентивни мерки во духот на солидарноста, смета Заев.
Според него, не доцни вториот пакет мерки ако се има предвид дека импактот од кризата се очекува во април, а мерките се однесуваат на помош во плати, работници, ликвидност на стопанството за месеците април и мај.
– Најлошото сценарио е да имаме 30-40 проценти наплата за приходи во буџетот, односно ќе недостигаат 60 проценти кои нема да можат да се реализираат. Оттука и одлуката за кратење по принципот на солидарност односно сведување на платите во администрацијата на минимална плата од 14.500 денари. Ако недостатокот е околу 2 милијарди и 200 милиони евра, тоа се некои 60 проценти , добивме усна потврда за 600 милиони од ЕУ , што значи недостигаат уште 1 милијарда и 600 милиони, истакна Заев во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.
Next Post

Контролирана изолација на група граѓани во Битола

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk