ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Корона вирус неизвесност, деветмина излечени, се чека пикот, пресуди за Транспортер и Титаник 3, седница на совет за безбедност

Актуелности од 06 до 09 часот.

March 31, 2020 07:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Неизвесноста со корона вирусот продолжува, бројот на заболени расте, а пикот се очекува за еден месец. Досега потврдени случаи има во Дебар, Скопје, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

Филипче: Девет пациенти излекувани и пуштени на домашно лекување. На прес-конференцијата, Филипче информираше дека е завршена анализата и посетата на стручната комисија на приватните лаборатории. Со нивното вклучување, согласно договорите што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми.

Седница на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски. На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО, С.Македонија 30. членка. На свечена церемонија со кревање на знамето на Северна Македонија, вчера во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Пресуда за предметот „Транспортер“ . Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Транспортер“, во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20-тина лица. Обвинетите се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

По две години судење, денеска пресуда за „Титаник 3“. Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Аљими и Исмет Гури, денеска во Кривичниот сид Скопје треба да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судијката Марија Клетничка. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Next Post

Ердоган: Производството мора да продолжи и покрај корона вирусот

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk