ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

9: Директна помош за компаниите и работниците, мерки за солидарност и меѓусебно помагање, одложено плаќање и од Стопанска банка, благодетите од ЕУ и НАТО допрва ќе ги осетиме, вратени 2020 македонски државјани

Преглед на вести во 9 часот

April 1, 2020 08:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ОВА се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик, истакна Заев.

РЕАКЦИИ имало и ќе има, донесовме мерки кои се директна помош и за компаниите и за работниците. Овој сет на мерки кои што денеска го презентираме прво нуди една предвидливост на делот на економијата, една директна помош која што овозможува компаниите да ги задржат и работниците и да се одржат наредните два месеци во април и во мај – истакна премиерот Оливер Спасовски во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма на прашањето за реакциите околу донесените економски мерки

ШЕСТ месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава  е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица.

ИЗУТРИНАВА во шест часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшто Автомотосојузот на Македонија.

БЛАГОДЕТИТЕ од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.

СО интервенција на Министерството за надворешни работи, по воздушен и по копнен пат, досега од странство во земјава се вратени 2.020 македонски државјани. Со чартер летовите, организирани од страна на Министерството вратени се 1.275 граѓани.

ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека светот заостанува во развивањето координирани мерки за борба против коронавирусот.

 

Next Post

Јапонија пред вонредна состојба

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk