ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Чартер лет од Лондон, се враќаат македонски државјани затекнати во Велика Британија

Бројот на граѓаните кои се пријавиле на повикот на МНР да допатуваат со чартер летот ќе биде соопштен непосредно пред полетувањето. Тие при влез во авионот ќе треба да потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на нашата земја да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена

April 6, 2020 08:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со авионски превоз Лондон-Скопје организиран од Владата, денеска попладне во земјaва треба да се врати нова група наши државјани кои се затекнати во Велика Британија.

Бројот на граѓаните кои се пријавиле на повикот на МНР да допатуваат со чартер летот ќе биде соопштен непосредно пред полетувањето. Тие при влез во авионот ќе треба да потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на нашата земја да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Според податоците на Министерството за надворешни работи, досега во земјава се вратени вкупно 2.207 македонски државјани. Со досега реализираните чартер – летови од Ла Валета, Загреб, Љубљана, Виена, Базел, Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

МНР во соработка со странски претставништва кај нас, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

Инаку, според МВР, во 25 објекти определени за државен карантин сместени се вкупно 2099 лица. Досега успешно е завршен државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминале 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија. Кај ниту еден од нив нема симптоми на вирусот КОВИД-19, а ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, соопшти викендов владината прес-служба.

Next Post

Филипче со совети за бремените жени за време на пандемијата

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk