ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Откриена шемата како медиумите на ВМРО-ДПМНЕ станале унгарски пропагандисти

Црните пари во медиумите станаа популарна тема за истрага на новинарите. До сега се откриени многу документи кои упатуваат на нелегално и сомнително ширење на медиумските корпорации, вклучително и во Северна Македонија.

April 25, 2020 14:35
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Прва Република е основана во 2012 година од страна на сомнителната фирма Иресине ЛТД од Белизе.

Прва Република е основана во 2012 година од страна на сомнителната фирма Иресине ЛТД од Белизе.

Share on FacebookShare on Twitter

Унгарски државјани во блиски релации со тамошни провладини медиуми масовно купуваат медиуми во Северна Македонија. Овој продор кон Балканот е дел од една поголема операција на унгарските медиуми, инаку десно ориентирани, кон партијата Фидес на Виктор Орбан, заштитникот на осудениот на затвор Никола Груевски.

Основачките документи покажуваат дека двајца поранешни директори на јавниот сервис во Будимпешта, Маџар телевизија (МТВ), регистрирале свои фирми во Скопје кои имаат удел во медиумите во Северна Македонија. Нивните компании стекнале мнозински удел во акции со што се здобиле со одлучувачко право.

Овие информации ги истражувале од Проектот за известување за криминал и корупција со партнерите (OCCRP) и во нивниот текст ја поставуваат дилемата која е крајната цел на ваквото ширење на медиумите со десно ориентирана уредувачка политика, односно со јасно изразена поддршка за ВМРО ДПМНЕ.

Претходно, минатиот март, три унгарски медиумски куќи, од кои едната има купено медиум во Северна Македонија, ја купиле словенечката Нова 24 ТВ, која е ориентирана кон конзервативната десна партија Словенечка Демократска Партија. Ова ја отвора дилемата дека луѓе лојални на Орбан се обидуваат успешниот рецепт со корумпирани медиуми да го пресликаат во Словенија, кога владата на Фидес е поддржана од државни медиуми, но и големи приватни медиуми во сопственост на моќници кои таргетираат непријатели на власта. Иста шема унгарските медиумски магнати се обидуваат да развијат и во Романија.

КАКО СЕ КУПЕНИ АЛФА, КУРИР, ЛИДЕР, ДЕНЕШЕН, ЕКОНОМСКИ, ВИСТИНА…

Ова упатува на заклучок дека македонскиот медиумски пазар не е осамен во намерата да се контролираат медиуми кои ќе ги штитат интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а преку тоа и на Орбан. Инаку, преземањето на медиумите во Скопје е извршено преку двајца медиумски директори Петар Шац и Агнес Адамик. Истажувањето на OCCRP се повикува на информации од разузнавачките служби за да објави дека двајцата во неколку наврати патувале во Скопје, а користеле и услуги на иста адвокатска фирма.

Петер Шац

Петар Шац е косопственик на сајтот Рипост, силен поддржувач на владеењето на Орбан. Овој медиум стои зад купувањето на словенечките медиуми Нова 24 ТВ, магазинот Демократија и таблоидот Шкандал 24, сите блиски до Словенечката Демократска Партија. Унгарското издание на Рипост е создадено за заплашување, постојано фабрикува лажни вести со напади кон политичкие непријатели на Орбан. Според документацијата Шац во Македонија ја основал Таргет Медиа, која подоцна станала сопственик на ЦСХ Инвест груп која пак е сопственик на ТВ Алфа.

Адамик, исто како и Шац, работела на високи позиции во унгарскиот јавен сервис. И таа формирала фирма во Скопје под името Адинамик Медиа. Фомирањето е очигледно дека било со цел да се преземат медиуми во Скопје, па затоа Адинамик станува сопственик во три фирми во Скопје кои под контрола имаат седум интернет портали и списанија кои биле ориентирани кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според документацијата Шац во Македонија ја основал Таргет Медиа, која подоцна станала сопственик на ЦСХ Инвест груп која пак е сопственик на ТВ Алфа.

Истражувачите посочуваат на два клучни момента во преземањето на медиумите, пропагатори на лаги. Тоа се купувањата на две македонски фирми Прва Република и ЕМ Медиа, кои биле сопственици на поголем број медиуми. Имено, Прва Република е основана во 2012 година од страна на сомнителната фирма Иресине ЛТД од Белизе, а во 2016-та сопственоста се префрла на лицето Доне Доневски. Токму од него Адинамик откупува мнозински пакет акции за да му ги преземе медиумите. И второ, купена е ЕМ Медиа на Ацо Мисајловски, брат на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кои ги имаа под контрола сајтовите Курир, Лидер, Денешен, Економски, Вистина. На крајот, Адинамик се проширува со уште еден портал – Нетпрес со тоа што ја купува удел во фирмата ЛД Прес Медиа.

Ова се медиуми кои шират пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ, а сега финансиски се зависни од парите на Унгарија, односно на тамошните медиумски магнати кои се финансираат од државни медиумски фондови.

КАКО ФИДЕС, ТАКА И ВМРО-ДПМНЕ – СО НАРОДНИ ПАРИ ПОТКУПУВААТ МЕДИУМИ

Истражувачите посочуваат дека ова е добро разработена шема. Пред не цела деценија кога Фидес доаѓа на власт, прво го узурпира јавниот сервис, а потоа започнува да поткупува и приватни медиуми. Целото медиумско поврзување ги прави доминантни позитивните вести за Орбан, односно се оцрнуваат непријателите на владата, нешто што тука го правеше Груевски во децениското режимско владеење.

Приватните медиуми кои го поддржуваат Орбан добиваат значителна финансиска поддршка од државата, исто како ВМРО ДПМНЕ што поткупуваше медиуми со пари на народот под изговор дека владата се рекламира. Во последните неколку години преку 40 милиони евра завршиле во медиумите во Унгарија, пари со кои Орбан си ја купува довербата. Огромен дел од оваа сума бил наменет за оцрнување на Џорџ Сорос. Истото што го правеше Груевски преку своите медиуми.

Медиумите под контрола на Фидес секојдневно добиваат насоки како да ги уредуваат вестите. Наредбите најчесто стигаат од владини советници. Како главен играч кој сето ова го има под контрола се споменува името на Арпад Хабони, тајниот советник на Орбан. Тој ја поседува фирмата Модерн Медиа Груп, која заедно со Рипост ја купува словенечката Нова 24 ТВ.

Груевски – Орбан, Скопје, 2011 година

 

Истражувачите откриле дека овие медиуми често шират пропаганда и невистини, но и ги напаѓаат политичките противници, граѓанските активисти и здруженија. Според Агнес Урбан, истражувач во Метек Медиа Монитор ваквите купувања на медиумите се должат на обидот на Орбан за поголемо регионално влијание.

„Стилот на Орбан е изграден со конфронтирање со западните демократии и со владина комуникација во стилот на руската пропаганда. Свесен дека ефикасноста на оваа политика зависи од меѓународна поддршка, на Орбан му требаат сојузници во регионот“- заклучува Урбан.

Црните пари во медиумите станаа популарна тема за истрага на новинарите. До сега се откриени многу документи кои упатуваат на нелегално и сомнително ширење на медиумските корпорации, вклучително и во Северна Македонија. Сето тоа се доволно докази надлежните институции да го истражат финансирањето на медиумите во Скопје, особено оние за кои постојано се пишува, а се главни поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ.

FRONTLINE

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлфаВМРО-ДПМНЕГруевскиконтролаКурирмедиумиОрбанрежимРепубликацрни пари

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk