ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Ќе продолжи ли вонредната состојба, раст на новозаболени од Ковид 19, итно решавање на случаите на фемицид

Прв блок утрински вести.

May 15, 2020 07:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност денеска ќе расправа за породолжување на вонредната состојба. Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува утре. Денеска треба да се одржи седница на Советот на безбедност на која ќе се разговара за евентуално продолжување на вонредната состојба, за што предлог треба да достави Владата. Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 дена или помалку.

Протоколот за кампања и гласање изготвен, подготвено мислењето од ДИК за предвремените парламентарни избори. Датумот се очекува да биде одреден на втората лидерска средба на оваа тема најавена за почетокот на идната недела.

Членовите ДИК, според информациите, изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес. Тие се согласиле дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за коронавирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони.

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките.

Најголем број дијагностицирани има во Скопје – 588 и 138 активни случаи, Куманово – 411 и 47 активни случаи, Прилеп –190 и 62 активни случаи, Тетово – 126 и 63 активни случаи…

Мрежата против насилство врз жените бара итно расчистување на двата последни случаи на фемицид.

Два фемицида за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство, реагира Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и ги повикува министерствата за внатрешни работи и за  труд и социјална политика и Основното јавно обвинителство итно да ги расчистат случаите и да покренат соодветни постапки против сторителите на убиства на жени што се случија во изминатите 15-ина дена.

Рочиште за „27 април”.

Досега во случајот за организартoрите за „27 април”, каде се обвинети пораншениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, пораншените министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевси и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, сведочеа неколку лица, меѓу кои и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Сончево и многу топло, со температура до 34 степени Скопје.

Словенија прва во Европа прогласи крај на епидемијата. Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.

И.Т.Зафировска

Next Post

Истражување на МЕТА: Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk