ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

СЗО: Јужна Америка е ново жариште, расте бројот на заразени во Африка

May 23, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Јужна Америка стана нов епицентар на коронавирусот, а најтешко погодена земја е Бразил, додека расте бројот на смртни случаи во некои африкански земји, кои досега немале голем број починати, објави Светската здравствена организација (СЗО), пренесуваат од МИА.

„Пандемијата на Ковид-19 се прошири на повеќе од 100.000 луѓе во Африка. Вирусот сега се шири во секоја земја на континентот, а првиот случај беше пријавен пред 14 недели”, се вели во соопштението на СЗО.

Досега на африканскиот континент се регистрирани 3.100 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус.

Девет африкански земји се соочени со зголемување од 50 проценти на бројот на заразени лица, додека другите земји на континентот имаат стабилен или опаѓачки број на случаи.

Експертите на СЗО додаваат дека постои веројатност оти ниската стапка на смртност во Африка е поврзана со значително пониска просечна возраст на населението отколку во другите делови на светот.
Сепак, експертите од Светската организација се загрижени поради значително помалите медицински ресурси што им се достапни на африканските земји во споредба со поразвиените делови на светот, впосочувајќи дека во случај на зголемување на бројот на заразени, може значително да гбидат загрозени населението и здравствените системи.

Но, ситуацијата во Јужна Америка изгледа потешка, предупредува СЗО, чии експерти велат дека властите на најтешко погодената земја – Бразил одобриле широко распространета употреба на антималарискиот лек хидроксихлорокин, иако не е клинички докажано дека лекот помага во лекување на Ковид-19 без дополнителни ризици.

Експертите на СЗО велат дека може да се каже дека Јужна Америка сега е ново жариште на вирусот во светот.

Во меѓувреме, Бразил ја претекна Русија според бројот на заразени и се наоѓа на второ место во светот, по САД, откако во таа јужноамериканска земја се потврдени вкупно 330.890 случаи. Расте бројот на заразени и во Аргентина, каде за едно деноночие се регистрирани 718 новозаразени или вкупно 10.649. Во Мексико вчера беше регистриран рекорден број на смртни случаи за еден ден, кога за едно деноноќие починаа 479 лица. Вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 6989 лица, додека вкупниот број на заразени изнесува 62.527.

На прво место според заболени од Ковид-19 во светот се уште е САД, каде вчера, за едно деноночие беа евидентирани нови 20.522 случаи и уште 1.089 починати. Според Американскиот ценатар за контрола на болести вкупниот број на заболени во земјата изнесува 1.571,617, додека починале 94.150 пациенти.

Она што радува е што во Кина вчера не беше потврден ниту еден нов случај на коронавирусот, првпат од избувнувањето на кризата во Вухан, минатата година. Исто така, во Кина вчера немаше ниту еден смртен случај од Ковид-19.

 

Next Post

Шилегов: Еден човек продолжи три туѓи животи

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk