КОРОНАВИРУСОТ ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат – реплицира министерот Филипче на вчерашната „триумфална“ изјава на реисот Сулејман Реџепи – го прогласувам Ковид-19 за мртов.
ФОТОГРАФИИТЕ и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи, напиша министерот за здравство Венко Филипче.
БЕЗ срам Христијан Мицкоски призна дека праќал пораки и телефонски се слушал со вработени во МВР кои воделе истрага во која самиот тој е предмет. Ова, според сопствено признание, Мицкоски го сторил со директна помош од техничкиот министер Наќе Чулев, велат од СДСМ.
НЕ можам да се сетам на нејзиниот облик, ја помнам низ магла. Очите ми беа насолзени од возбуда и трема. Нозете ми се тресеа. Имав вртоглавица. Ден на младоста – колумна на Џабир Дерала за Штафетата на младоста.
АЛБАНИЈА од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни.
БУНДЕСЛИГАШОТ Мајнц со хумор реагираше на поразот од Лајпциг (0:5) на вчерашниот дуел од Бундеслигата.
Kloppo, can you take him already? ? https://t.co/HgSOn6oeUH
— Mainz 05 English (@Mainz05en) May 24, 2020
АКО министерот Филипче има висок рејтинг, пушти лажна вест од пред година и пол! Треба ли да нè чуди што откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ тргнала во политички „лов на Филипче“, почнуваат да циркулираат лажни вести (и) во регионот?, анализира Вистиномер.мк.
ДЕНЕСКА во Грција отвораат кафулињата, угостителските објекти и се дозволува патување на островите
СЕ грижиме за пензионерите, над 320 илјади пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.
„ПРИЈАТЕЛИ“ е најгледаната серија во САД за време на пандемијата на Ковид-19. Серијата за шестмината неразделни пријатели е популарна во 11 сојузни држави.
ГЛАВНИОТ тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушти Мадрид, кршејќи ги правилата за самоизолација.
ИЗЛЕЗОТ на САД од Светската здравствена организација е незамислив, изјави помошникот генерален директор за општ менаџмент при СЗО, Стјуарт Сименсон.
ЕКОНОМСКИТЕ мерки на Владата предводена од СДСМ покрај личната ја зголемуваат и јавната потрошувачкa, велат од СДСМ.
ФОТОГРАФИИТЕ и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи, напиша министерот за здравство Венко Филипче.
ВО текот на изминатото деноноќие МВР регистрирало 104 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Ј. Ѓ.