ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип

Бочварски упати апел до граѓаните да бидат внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите граѓани.

May 26, 2020 16:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општинскиот кризен штаб Штип денеска почна  со таргетирана дезинфекција на повеќе локации, и тоа пред сите текстилни компании, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб, по денешниот состанок на Штабот.

-Се прави и дезинфекција на автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички, потоа пред угостителски објекти кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали. Од денес волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење заштитни маски пред текстилните фабрики, рече Бочварски.

Тој ги повика и  сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општинскиот штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности.

Според податоците на Општинскиот кризен штаб, откако во Штип изминатите три дена се регистрирани вкупно осум случаи на заразени од коронавирусот, од кои шест се текстилни работнички од една конфекција, се зголемува и бројот на лицата кои се ставени во изолација.

Бочварски вели ако до пред неколку дена бројките биле по два или пет случаи, сега бројот изнесува 41, а едно лице е со решение за самоизолација. Тој истакна дека и денеска епидемиолозите правеле нови тестирања поврзани со текстилните работнички, а резултатите се очекуваат утре.

Бочварски упати апел до граѓаните да бидат внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите граѓани.

Next Post

На регионалниот пат Чашка-Велес се запали и целосно изгоре автомобил, нема повредени

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk