ДАТУМОТ за изборите е завршена тема за Владата, порача преку Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски најави дека ќе побара од лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите.
ЗАЕВ: Средствата од 28 милиони евра, за Домашната платежна картичка веќе се префрлени кај банките кои ќе ги издаваат.
ЗАЕВ: Ако нема договор изборите ќе се одржат на 5 јули, до сабота има можност за консензус со ВМРО-ДПМНЕ.
ПЕНДАРОВСКИ: Нема потреба за нова вонредна состојба, партиите да се договорат датум за инклузивни избори.
ГЕОРГИЕСКИ ја поздрави, Мерко вели дека е сосема погрешна Уредбата за враќање на плажите на Охридското Езеро во првобитната состојба.
СЕИР: Колку беа натпартиски и неполитички Бетмен и Иванка?
ОКОЛУ 140.000 работни места се задржани благодарение на мерката за финансиска поддршка на фирмите заради исплата на платите, оценува министерката за финансии Нина Ангеловска.
ЧЕТИРИ новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за инвестиции во опрема за производство и маркетинг на земјоделски производи.
НА третиот повик за млади истражувачи на ФИТР избрани 38 проекти.
АВСТРИСКИОТ парламентарец Андреас Шидер изјавува дека со завршувањето на вонредната состојба се враќа парламентарниот легитимитет, што според законот во Северна Македонија, значи дека парламентарни избори мора да има на почетокот од јули.
ИЗВЕСТУВАЧОТ за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори.
ВО последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи со Ковид-19.