ПОЧНУВА изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули. На овие избори, гласање нема да има во дијаспората каде што се пријавија помалку од потребниот број македонски државјани за гласање.
СДСМ ја почнува кампањата од Струмица, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Преспа, Алијанса и Алтернатива од Скопје.
ПАРТИИТЕ не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките.
БРОЈОТ на нови случаи со КОВИД-19 и натаму висок, Скопје со најмногу активни случаи На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација.
ГРЦИЈА лани ја посетиле 948.000 македонски државјани и потрошиле 114 милиони евра Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Северна Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион.
ОПОЗИЦИЈАТА организира настани на кои се прегрнуваат и бакнуваат, без почитување на мерките Мицкоски рече дека тие не се адаптираат на новите времиња, дека сакаат контакт со луѓе. Луѓето на крај ќе почувствуваат кој се грижи за нив, смета Коста Петров.
ОТКРИЕН изворот на загадување во реката Брегалница. Во исто време ќе се проверуваат и еколошките дозволи на фирмите во кругот на Македонка, од каде денеска истекуваше белата густа течност со тежок мирис на лак.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
ПОРАНЕШНИОТ американски претседател Барак Обама му помогна на демократскиот кандидат за шеф на државата Џо Бајден да собере донации од 7,6 милиони долари од над 175.000 лица.
ЃОКОВИЌ: Го организиравме турнирот премногу рано, тоа беше грешка Тој им се извини на сите оние кои беа оштетени од турнирот и истакна дека верува оти сите здравствени протоколи се исполнети и дека регионот е во доволно добра состојба за да ги обедини луѓето.
Ј. Ѓ.