ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Ненад Стевовиќ: Македонската литература стана препознатлив белег на Или-Или

June 25, 2020 16:02
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

За некои луѓе читањето е релаксација, хоби, бегство од реалноста, за некои е начин на информирање, одржување критичка мисла и надоградување на знаењето, но сите може да се согласиме дека книгите се храна за душата.

Дали интересот за читање се зголеми за време на пандемијата и вонредните услови, колку се застапени македонските автори во нашето издаваштво, и како висококвалитетните содржини се борат за своето место во комерцијалната средина, се дел од прашањата за кои разговаравме со Ненад Стевовиќ, главен и одговорен уредник во Или-Или.

ФРОНТЛАЈН: Минатата недела беше Недела на македонските автори. Може ли да ни кажете нешто повеќе во врска со тоа, колку се застапени тие во нашите издавачки куќи?

СТЕВОВИЌ: Би можел да зборувам за нашата издавачка куќа, за Или-Или, она што нам ни претставува особено задоволство е тоа што македонската литература има значаен удел во нашето издаваштво и станува веќе еден препознатлив белег на Или-Или. Тие се сè повеќе читани, нивниот квалитет го препознаваат македонските читатели, тоа се автори и авторки кои што освојуваат бројни домашни книжевни награди, кои што се преведувани во регионот и пошироко, кои што учествуваат на регионални фестивали и разни книжевни манифестации, така што ние решивме во ова време кога сите книжарници, сите издавачи прават некакви акции со попусти за да се привлечат читателите, ние решивме малку да одвоиме од тоа, да направиме една Недела на македонската книжевност во Или-Или и одгласот навистина беше одличен, ние сме многу задоволни, и жал ми е што оваа Недела на македонската книжевност во Или-Или оваа година поради ситуацијава се сведе само на продажба, сакаме оваа Недела да стане традиционална, така што наредните години очекуваме ситуацијата да се нормализира, и истата книжевна недела да ја збогатиме со разни книжевни настани и дружба, средба со писателите и слично.

ФРОНТЛАЈН: Колку луѓето читаа за време на пандемијата, дали се зголеми интересот на читање?

СТЕВОВИЌ: Претпоставка е дека се зголемил, луѓето поголем дел од времето го поминуваа дома, и мислам дека се зголеми. Дали е тоа многу малку, не знам, но се чувствува еден зголемен интерес за читањето.

ФРОНТЛАЈН: Каква е состојбата со издаваштвото во нашата држава, дали има некакво подобрување на таа тема?

СТЕВОВИЌ: Не знам, во Македонија има неверојатен број на издавачки куќи. Тоа е навистина една експанзија на издавачки куќи, која од нив со издаваштвото се занимава професионално, која од нив само како хоби. Има голем, голем број на изданија, но она што може да се забележи дека во најголем дел тоа се сведува на комерцијални книги, така што тука веќе и многу тешко се забележува некоја разлика во профилите на издавачките куќи, со оглед на тоа што во најголем дел се сведени на таа комерцијализација во книжевноста. Она што ме радува е што се појавија некои нови издавачи кои што се така доста специфични во однос на нивното издаваштво, и мислам дека и тие и ред други издавачи кои што на оваа работа пристапуваат сериозно, сочинуваат една солидна база издаваштвото да оди во еден поубав правец.

ФРОНТЛАЈН: Како Или-Или како издавачка куќа чија концепција е ориентирана кон висококвалитетни теми, се снаоѓа во пазарот каде што преовладуваат комерцијални содржини?

СТЕВОВИЌ: Со упорност и со доследност. Мислам, тешко е, ние 18 години постоиме, упорни сме во таа наша ориентација, кон тоа што сметаме дека е вредно во литературата, како во преводната, така и во македонската литература, тоа е малку потежок пат, но има убавина во сето тоа. Таа упорност резултира со тоа што се повеќе читатели нè препознаваат, се ориентирани кон Или-Или и имаат доверба во тоа што го работиме, знаат дека ќе добијат квалитет.

ФРОНТЛАЈН: Какви се плановите и проектите на Или-Или за во иднина?

СТЕВОВИЌ: Очекувам да продолжиме со она што го работиме до сега, она што е карактеристично за нас се промоциите, но за жал не можевме бројните нови изданија да ги покриеме со промоции, се надевам ситуацијава да се нормализира и тоа да го надокнадиме. Ќе издадеме уште бројни дела од домашни автори, ќе има и некои нови имиња, ќе издаваме и преводна литература, ќе ни гостуваат и автори од Европа, така што очекувам да биде ок.

Искра Ежова
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Next Post

Спасовски е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ во услови на пандемијата со КОВИД-19

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk