ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 09 часот: Втор ден изборна кампања, преговарачка рамка за ЕУ деновиве, обвинението против Тачи „чекор кон правда“…

June 25, 2020 09:07
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

КОАЛИЦИЈАТА на СДСМ изборната кампања ја почна во Струмица. Зоран Заев кажа дека во изминатите три години државата е на прав пат, а економјата е стабилна, растат платите, а паѓа невработеноста.

– За три години ги остваривме ветувањата за повисоки плати и социјална помош. Сега со чист образ ја нудиме нашата нова понуда и ветуваме, пишува на профилите на социјалните мрежи на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

НОСИТЕЛКАТА во ИЕ 4 Соња Мираковска: Напоредно ќе работиме на темите коишто се важни за поединецот, како и за целото општество, затоа што единката е дел од заедницата. Само кога се слушаме едни со други и покажуваме интерес за проблемите и идеите на другиот, заедно растеме.

ЦАРОВСКА:  Видовме 11 години дека ВМРО ДПМНЕ ништо не направи за европската перспектива, а ние кога почнавме да правиме нешто ВМРО ДПМНЕ не се вклучи да помогне. Затоа Меркел го поддржа Зоран Заев, а таквите големи лидери поддржуваат единствено политичари кои имаат визија.

НИКОЛОВСКИ, носител на ИЕ 3 од Виница порача: Од успесите нема да се срамиме. Нашиот концепт беше „Парите ги враќаме кај граѓаните”. Денеска чесно и одговорно велиме дека за помалку од три години тоа го остваривме, но секогаш може повеќе, секогаш може подобро.

На ВТОРИОТ ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, партиите и коалициите ќе ја претстават својата политичка понуда на средби со граѓани, почитувајќи ги притоа мерките за заштита од Ковид-19. Нема да изостане кампањата и на социјалните мрежи, како и на традиционалните медиуми.

ДПА во Тетово ја одржа првата предизборна средба со членови, граѓани и симпатизери. Лидерот Мендух Тачи посочи дека главниот фокус на неговата партија по овие избори ќе бидат пропорционалната распределба на буџетот и консензуалната демократија.

ПРВАТА детска амбасада во светот Меѓаши ги повикува сите политички партии и нивните членови во предизборниот период да посветат должно внимание на децата и почитувањето на нивните права, особено да не ги инволвираат на каков било начин за време на престојните парламентарни избори.

Во МОМЕНТОВ во земјава се активни 3.095 случаи на заразени лица со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 5.445 заболени, оздравени се 2.091, а починаа 259 лица.

ВАРХЕЈИ: Во наредните денови Европската комисија ќе ја претстави Нацрт преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ, заедно со ажурираниот извештај за напредокот на овие две земји.

ИРАНСКАТА полиција уапси три лица осомничени дека се обиделе да продаваат бебиња преку „Инстаграм“, објави денес новинската агенција „Исна“.

УСТАВНАТА реформа предложена од рускиот претседателот Путин ќе му овозможи да остане на власт до 2036 година. Тогаш рускиот шеф на државата ќе има 84 години.

Од НАЈНОВАТА анкета се дознава дека Џозеф Бајден има 14 процентно водство пред претседателот Доналд Трамп.

САД сметаат дека поднесувањето обвинение за воени злосторства против Хашим Тачи, Кадри Весели и други, објавено од Канцеларијата на независното Специјално обвинителство, е чекор кон правдата и процесот на помирување во Западен Балкан, изјави портпаролот на Стејт департментот.

ОД утре целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПСР тест и државен карантин.

ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

А. Н. С.

Next Post

Спасовски: По 40 години, рехабилитирани 112 километри патишта во Кумановско

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk