ЗАЕВ: За три години видовме сите што значи да се гради по план. Патишта, инфраструктура и капитални објекти кои за луѓето живот значат, од едната страна и барок, стиропор и провизии од другата страна.
НОСИТЕЛКАТА на листата за ИЕ 1, Мила Царовска, денес во паркот на Франкофонијата во Скопје одржа средба на отворено со претставници на Здружението на културни работници.
Во ОПШТИНА Арачиново градежните работи на канализациската мрежа се изведуваат според предвидениот план и утврдените рокови, рече Спасовски при посетата на оваа скопска општина.
НИКОЛОВСКИ: Минималната плата не е само бројка. За некого е тоа живот! Во ВМРО тоа не го разбираат. Татини синови со длабоки џебови не го знаат тоа. Минималната плата ја држеа на 9.000 денари!
ДИМИТРОВ: Со историската одлука на ЕУ од март оваа година за отпочнување на преговорите за членство, Северна Македонија оствари уште една своја стратешка цел и со подготвеност и амбиција го очекува конкретното отворање на пристапните преговори.
АВМУ со мониторингот на изборното медиумско претставување на првиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори 2020 година, констатирала дека повеќе телевизии, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.
АПЕЛАЦИСКИОТ суд Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.
ЛИЦЕТО М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола – Табановце, е приведено поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
ВЧЕРАВЕЧЕР, полицаец од Скопје бил приведен во Гостивар, откако во неговото возило биле пронајдени дрога и оружје, информира СкопјеИнфо.
Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19.
Во КАНЦЕЛАРИЈАТА на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.
КО-НОСИТЕЛКАТА на листата за ИЕ 1, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјала, Санела Шкријељ беа во посета на првиот центар за поддршка на згрижувачки семејства и најави ист таков регионален центар и во Битола, сѐ со цел да се понуди поголема поддршка за семејствата кои згрижуваат деца кои се во институциите.
ГРАД Скопје: Јорганџии, опинчари, крзнари, грнчари, шапкари, ковачи, лимари, казанџии, се само некои од занаетчиите кои годинава ќе бидат финансиски поддржани од Град Скопје.
ОД утре 26 јуни, почнува исплатата на јунските пензии. И оваа исплата на пензии ќе се одвива етапно, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Во ИЗДАНИЕ на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, со поддршка од Министерството за култура, деновиве од печат излезе четвртиот број на публикацијата „Стрип Алманах“.
ИЗДАВАЧКАТА куќа Или-Или го објави романот „На осамениот брег покрај морето“ на еден од најистакнатите современи хрватски писатели, Зоран Фериќ.
„ВИСТИНАТА за Бади“ e краток, средношколски игран филм, во кој ја гледаме моќта на една медиумска кампања и една еднострана вистина, како придонесуваат за потенцијална животна штета врз маалскиот миленик Бади.
До САБОТА во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме, соопшти УХМР.
А. Н. С.