ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Во Арачиново инфраструктурните проекти се реализираат во континутитет

June 25, 2020 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Општина Арачиново инфраструктурните проекти се реализираат во континутитет, во последните три години. Тука сме за да се увериме дека градежните работи на канализациската мрежа во Арачиново се изведуваат според предвидениот план и утврдените рокови. Ова денеска го изјави премиерот Оливер Спасовски, кој заедни со министерот Горан Сугарески беше во работна посета на Општина Арачиново.

Премиерот Спасовски информира дека работите на терен почнале интензивно кон крајот на јануари годинава и веќе се завршени околу 55 отсто од канализациската мрежа. Паралелно работат две екипи на две различни локации. Премиерот е уверен дека со ова темпо, изградбата на примарната канализација за населеното место Арачиново во должина од повеќе од десет километри ќе заврши пред предвидениот рок, определен за март 2021 година.

-Кога пред три години се случија политички промени и кога некои се закануваа и предвидуваа федерализација и кантонизација, ние ветивме дека овде, во Арачиново ќе изградиме канализација. Го ветивме тоа затоа што е недозволено населено место на десет километри од главниот град да нема канализациска мрежа во 21 век, рече Спасовски. Додаде дека во оваа Општина најмалку се вложувало од страна на претходната власт, од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Спасовски посочи дека го следат напредокот на проектот, кој е вреден 106 милиони денари. Потсети дека во Општина Арачиново пред некое време завршија работите на новата современа општинска зграда, а останува да се доуреди просторотот околу зградата и да се опреми со канцелариска и со друга опрема за внатрешноста на зградата. Потенцира дека жителите на Арачиново сега побрзо и полесно ќе ги добиваат услугите од Општината. Потсети дека во 2017 и во 2018 година се извела реконструкција на постојната општинска барака, каде сега работи администрацијата. Се реновирало старото училиште, а во новото се вгради модерен и енергетски ефикасен систем за греење.

Преку Бирото за регионален развој и Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој се изгради локалениот пат кон село Грушино, а се почнува со изградба на шеталиште и велосипедска патека со хортикултурно уредување во Арачиново. Спасовски информира дека дел од работите на бунарите се завршени, а некои градежни работи на другите бунари се во тек со што ќе заврши и проектот за автономното снабдување на резервоарите на вода за непречен дотек на вода за пиење во Арачиново.

Премиерот најави дека во Општина Арачиново ќе почне градбата на прва градинка, која ќе биде најголема по површина и капацитет за згрижување на деца. Владата и понатаму ќе ја поддржува Општината и градоначалничката, потенцира Спасовски, додаде оти преку проектот за асфалтирање локални патишта Општина Арачиново има преку 600 илјади евра од државата кои ќе бидат за реализација на инфраструктурни проекти.

Градоначалникот на Општина Арачиново Миликије Халими рече дека работите на канализациската мрежа се одвиваат на терен непрекинато и во услови на пандемија со коронавирус. Додаде дека општината се менува и се реализираат круцијални инфраструктурни пректи како канализација, патишта, градинка, шеталиштe./МИА/

Next Post

Објавен романот „На осамениот брег покрај морето“ од Зоран Фериќ

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk